Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Дојран, а северозападно од Дојранското Езеро, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово (на еден тесен дел).[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Гевгелија, селото е оддалечено 37 километри, додека од патот Нов Дојран-Гевгелија (или Валандово) е оддалечено 5,6 километри.[2]
Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска. На мало растојание на североисток е селото Џумабос, а на југ лежи селото Севендекли.
До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.
Стопанство
Атарот на селото е мошне мал, тесен и долг, и зафаќа простор од 2,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 140 хектари, на пасиштата отпаѓаат 48,9 хектари, додека на обработливите површини 20,3 хектари.[2]
Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Дурутли се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Севендекли, во која влегувале селата Дурутли, Севендекли и Џумабос.
↑ 2,02,12,22,3Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 118.
↑„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 април 2024.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“