Оваа класификација е создадена во 1897 г. од Херберт Патнам, кој ја разработил веднаш пред да стане библиотекар на Конгресот. Патнам ја осмислил класификацијата следејќи ги советите на истакнатиот библиотекар Чарлс Еми Катер и под влијание на Катеровата експанзивна класификација и ДДК. Предвидена е наменски за потребите на прибирањето и подредувањето на материјали во Конгресната библиотека. Ова бил нов систем, замена за дотогашниот „систем на утврдено место“ осмислен од Томас Џеферсон. Со заминувањето на Патнам во 1939, сите класи освен K (Право) и делови од B (Филозофија и Религија) биле добро развиени. Системот трпи критика дека нема солидна теоретска основа; класификацијата е оформена за да им служи на практичните потреби на библиотеката и не ги следи вообичаениот епистемолошки начела.
Иако предметите (темите) се делат во опширни категории, класификацијата во основа има наброителен карактер. Предвидена е да упатува до книгите што ги има библиотеката, а не како класификација на светот во целина.
Системот на класификација на Националната медицинска библиотека (NLM) ги употребува неискористените букви од оваа класификација: W и QS–QZ. Некои библиотеки ја користат NLM заедно со LCC, изоставувајќи ја класата R (Медицина) на LCC. Други пак, го претпочитаат распоредот QP–QR на LCC, вклучувајќи го заглавието Медицина R.
Системот
Буква
Предмет
A
Општи дела
B
Филозофија, Психологија, Религија
C
Помошни науки на историјата
D
Историја, Општа и Стар Свет
E
Историја на Америка
F
Локална историја на САД и британска, холандска, француска и Латинска Америка
G
Географија. Антропологија. Разонода
H
Општествени науки
J
Политички науки
K
Право
L
Образование
M
Музика
N
Ликовна уметност
P
Јазик и книжевност
Q
Наука
R
Медицина
S
Земјоделство
T
Технологија
U
Воена наука
V
Поморска наука
Z
Библиографија. Библиотекарство. Извори на информации