Автопатот — сувоземен пат од највисока класа што служи за движење на моторни возила. Автопатот е направен така што возилата може да се движат со поголема брзина во споредба со двонасочните неразделени патишта. Автопатот се јавува под следниве имиња: (германски: Autobahn, англиски: highway/motorway/freeway, француски: autoroute, италијански: autostrada, шпански: autopista/autovia, итн.
На автопатиштата, ограничувањето на брзината обично изнесува до 130 км/ч, во зависност од теренот, интезитетот на сообраќајот, квалитетот на подлогата, временските услови итн. Но, во некои држави, како на пример во Германија, на автопатот дури и нема ограничување во брзите ленти.
Првите автопатишта се изградени во Италија и САД во дваесеттите години на XX век, а во Германија е изграден првиот 30-километарски автопат во 1932 година.
Во Македонија, првиот автопат (делницата кај Петровец) е изградена за време на СФР Југославија во 1979 година (Видете: Автопатишта во Македонија).