Моторно возило

САД ја имаат највисоката стапка во светот по сопственост на возила по глава на жител, со 832 возила во функција на 1000 луѓе во 2016 година.
Електрични велосипеди паркирани во главната улица во Јангџоу. Тие се многу вообичаен начин на транспорт во овој град, во некои области речиси се побројни од обичните велосипеди

Моторно возило е секое возило на моторен погон, со исклучок на мотоцикл, кое вообичаено се користи за превоз на лица или стока на патишта или за влечење на возила на патишта што се користат за превоз на лица и стока и кое има најмалку четири тркала и максимално проектирана брзина над 25 км/ч.[1][2]

Видови на моторни возила

  • Работно возило на кое се вградени уреди или опрема за вршење на работи, чија најголема дозволена маса е еднаква со масата на возилото (на пример: дигалка и слично), а според особините спаѓа во една од категориите на моторни или приклучни возила;
  • Велосипед со мотор чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 cm3 и чија брзина на рамен пат е ограничена на најмногу 45 км/ч;
  • Мотоцикл, со странична приколка или без неа, чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување е поголема од 50 cm3 и чија конструкциски дозволена брзина е поголема од 45 км/ч;
  • Лесен трицикл, со три тркала симетрично поставени по должината на оската на возилото, чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 cm3 и чија најголема дозволена брзина не е поголема од 45 км/ч;
  • Триколка, со три тркала симетрично поставени по должината на оската на возилото, чија маса не е поголема од 400 килограми - ако е наменето за превоз на лица, односно 550 килограми - ако е наменето за превоз на товар (без батерија ако возилото е на електричен погон), чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување е поголема од 50 cm3 и чија најголема дозволена брзина е поголема од 45 км/ч;
  • Лесен четирицикл, со четири симетрично поставени тркала, чија маса не е поголема од 350 килограми (без батерија и со сила на моторот не поголема од четири киловати ако возилото е на електричен погон), чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 cm3 и чија конструкциски дозволена брзина не е поголема од 45 км/ч;
  • Четирицикл, со четири симетрично поставени тркала, чија маса не е поголема од 400 килограми - ако е наменето за превоз на лица, односно 550 килограми - ако е наменето за превоз на товар (без батерија ако возилото е на електричен погон), чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување е поголема од 50 cm3 и чија најголема дозволена брзина е поголема од 45 км/ч;
  • Патнички автомобил, наменет за превоз на лица, при што заедно со седиштето на возачот има најмногу осум седишта;

Моторните возила како тема во уметноста и во популарната култура

Моторните возила се јавуваат како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

  • „Возач на камион“ – расказ од италијанскиот писател Алберто Моравија од 1954 година.[3]
  • „Брзи коли“ (Fast cars) - песна на британската рок-група „Базкокс“ од 1978 година.[4]
  • Коли“ (The Cars) - американска рок-група.[5]
  • „Коли“ (The Cars) - музички албум на истоимената американска рок-група од 1978 година.[5]

Наводи

  1. Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, Сл. весник на РМ бр. 54/2007 Чл. 2
  2. „Авто-Мото Сојуз на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2005-12-21. Посетено на 2006-01-22.
  3. A. Moravija, Rimske priče. Beograd: Rad, 1964, стр. 22-28.
  4. Buzzcocks - Fast Cars - YouTube (пристапено на 3.11.2016)
  5. 5,0 5,1 The Cars, официјално мрежно место (пристапено на 3.11.2016)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!