Иван Бунин

Иван Алексеевич Бунин

Иван Алексеевич Бунин (22 октомври 1870, Воронеж, Русија - 8 ноември 1953, Париз, Франција) — руски поет и прозаист, добитник на Нобеловата награда за литература во 1933 година за уметноста со која ја продолжува класичната руска традиција во прозата.[1]

Животопис

Бунин потекнувал од сиромашно благородничко семејство. Детството и дел до младоста ги поминал на татковиот имот Бутирка, во Орловската губернија, но кога имал 13 години, татко му го продал имотот. Поради материјалните тешкотии, на возраст од 14 години, Бунин морал да го прекине школувањето и завршил само гимназија. Воспитан во љубов кон науката, поезијата и музиката, Бунин читал многу и се самообразовал, така што самостојно добро го научил англискиот јазик. Ги обиколил Русија и Украина, работејќи како коректор, библиотекар, театарски критичар, рецезент и публицист. Исто така, често патувал низ Европа, Азија и Африка. Во 1909 година бил избран за почесен член на Петербушката академија на науките, а во 1920 година преку Истанбул и Белград емигрирал во Париз, каде што останал до крајот на животот.[2][3] За време на нацистичката окупација на Париз, во својто стан Бунин ги криел луѓето кои ги барале Гестапо и Петеновата полиција.[4] Од страна на пријателите, Бунин бил опишуван како воздржан, сталожен и дистанцирано ироничен човек со студено, академско однесување, кој не бил наклонет да ја открива својата внатрешност дури ни во пријателските разговори за кои, всушност, немал многу дарба.[3]

Иван Бунин (долен ред, втор од десно), со колеги членови на московската книжевна група Среда; Од горе лево: Скиталец, Феодор Шаљапин and Чириков Евгениј; од долу лево: Максим Горки, Леонид Андреев, Ivan Bunin, and Николај Телешков. 1902
Портрет на Иван Бунин од Леонард Туржански, 1905
Иван Бунин од 1937 година
Споменик на Иван Бунин во Грас, Франција

Творештво

Бунин најчесто пишувал поезија и кратки раскази, но тој е автор и на автобиографскиот романЖивотот на Арсењев“ (1930), како и на бројни публицистички и мемоарско-памфлетски текстови. Покрај тоа, преведувал дела од англиски и од полски јазик. Во 1891 година во Орел, Русија, тој ја објавил првата збирка поезија, а во 1897 година - првата книга раскази. Иако во тој период соработувал со Максим Горки, тоа не резултирало во никакви социјални тенденции во неговото творештво. Бунин останал надвор од модерните текови, продолжувајќи ја руската класична реалистичка традиција на Александар Тургенев, Иван Гончаров и Лав Толстој. Неговите дела се одликуваат со оригинален стил и со изразита творечка идивидуалност. Исто така, неговото дружење со композиторот Рахмањинов се препознава во неговите дела како суптилен романтичарски музички израз.[5] Во 1933 година, тој ја добил Нобеловата награда за книжевност, како прв руски писател кому му било доделено ова признание.

Подеднакво пластична и изворна, како во пејзажот, така и во дијалогот и во развојот на општата атмосфера на делата, Буниновата уметност си поставувала самата на себе строги барања. Така, во подоцнежната фаза од животот, Бунин неуморно ги поправал своите претходно објавени дела, правел нови верзии и отфрлал некои делови од нив, тежнеејќи кон постојано усовршување на творечките способности.[6]

Раскази

Како прозаист, Бунин дебитирал во 1982 година, со расказ објавен во едно списание во Петроград. Некои писатели, како Горки, уште тогаш ја истакнувале книжевната дарба на Бунин, но некои критичари го сметале за второстепен писател.[3] Така, почетокот на XX век, во една прилика, Горки рекол: „Не сфаќам зошто Бунин не сака да го наостри својот талент, којшто е убав како матирано сребро, да го претвори во нож, па да забоде каде што треба...“.[7] Дури и подоцна, по емигрирањео на Бунин, Горки постојано нагласувал дека Бунин е ненадмашен стилист, иако Бунин напишал серија текстови во кои го критикувал Горки.[8]

Во своите раскази, Бунин дал силна и потресна слика на руското село од почетокот на XX век, осветлувајќи низа судбини што копнеат за поинаква, поубава и правична реалност. Притоа, во неговата проза се прикажани и односите што често го носат печатот на бесмисленоста, тагата и изневерената надеж. Исто така, во повеќе негови раскази, тој со иронија го споменува своето благородничко потекло. На пример, во расказот „Суводол“ (1911), со голема пластичност, тој дава еден вид уметничко „опело“ на благородничката класа која незапирливо исчезнувала од историската сцена. Истата тема, Бунин ја обработува и во неколку други кратки раскази: „Село“ (1910), „Последниот состанок“ (1912)[9] и „Последниот ден“ (1913),[10] во кои е насликана суровата, горка атмосфера на безнадежноста и на конечната разделба со нешто што било славно во минатото. Но, покрај благородниците, во расказите на Бунин и селаните се лишени од каква и да било иднина, осудени на вечна беда и заостанатост. Неговите селски ликови најчесто се мрачни и тажни, а зад нив се случуваат бројни потресни драми. На пример, во „Данок“ (1913), селанецот Аверкиј умира по триесетгодишна работа по туѓите имоти, жртвувајќи го заедничкито живот со сопругата и со ќерката.[11] Притоа, случајните и споредни излети во натурализмот не го намалуваат високото ниво на прозата на Бунин.[12]

Понатаму, природата (особено пејзажите од централниот дел на Русија) се јавува како честа тема во творештвото на Бунин при што тој се истакнува со својата способност да го разбере говорот на природата. Во неговите дела, природата и човекот често имаат да си кажат многу нешта, иако природата е претставена како посреќна и поведра од човекот.[13]

Многу од расказите на Бунин се во знакот на преокупацијата со темата на љубовта, која најчесто е оптоварена со сомневање, грубо изневерена или погребана од нечија грубост и самоволие. Во неговите раскази, љубовта најчесто носи тага, зашто во нив на оние кои љубат среќата им е непристапна. На пример, загриженоста и чувството на загрозеност постојано ја растргнуваат селската девојка Парашка во расказот „Крај друмот“ (1913),[14] а во „Гавран“ (1944) — застапен мотивот на соперништво меѓу таткото и синот.[15] На темата на несреќната љубов се надоврзува и темата на непотребниот човек кој страда од осаменост дури и тогаш кога е вљубен. Меѓусебното вкрстување на овие две теми на најдобар начин е присутно во еден од најпознатите негови дела, расказот „Љубовта на Митја“ (1925), првобитно објавен во Париз, а набргу препечатен и во Ленинград.[16]

Бунин обработувал и современи, неруски теми. Во обемната монографија „Бунин“, советскиот книжевен критичар Лав Никулин истакнува дека честите патувања на Бунин во голема мера го прошириле тематското подрачје на неговите дела. На пример, тој петпати го посетил островот Капри каде се случува дејството во расказот „Господинот од Сан Франциско“ (1915).[17] Исто така, тогашната состојба во Цејлон е целосно насликана во расказот „Браќа“ (1914).[18] „Господинот од Сан Франциско“ е еден од најважните дела на Бунин, чија особена убавина се состои во тоа што писателот применува привиден објективизам во раскажувањето. Тој се крие зад настаните и само понекогаш зборува „во свое име“, но во секоја секвенца од расказот се среќава остра осуда на духовната беда на богатите и на нивната суета. Расказот „Браќа“ зазема посебно место во творештвото на Бунин, зашто во него тој отстапува од својата вообичаена раскажувачка постапка којашто се одликува со надворешна воздржаност. Во расказот, со самата фабула и со забележливата гневна интонација, авторот посредно ја искажува болката од трагичното жртвување на „обоените“ луѓе во колонијалниот свет.[19]

Поезија

На почетокот, Бунин пишувал поезија: својата прва песна ја објавил во 1887 година, а четири години подоцна се појавила и неговата прва поетска збирка. Бунин создавал изразито живописна лирика во која се истакнува лирската поема „Листопад“ (1901) во која со голема поетска вештина ја користи изразноста и убавината на рускиот јазик. За оваа поема, Бунин ја добил Пушкиновата награда што ја доделувала Руската академија на науките.[3]

Наводи

  1. Преводи на книжевни дела на добитници на Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009.
  2. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 35.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 133.
  4. Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 139.
  5. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 36.
  6. Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 137.
  7. Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 134.
  8. Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 136.
  9. Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 27-34.
  10. Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 65-72.
  11. Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 73-95.
  12. Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 134-135.
  13. Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 138.
  14. Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 35-63.
  15. Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 125-131.
  16. Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 138-139.
  17. Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 3-26.
  18. Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 97-124.
  19. Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 137-138.

Read other articles:

Airport in Queensland, Australia Horn Island AirportIATA: HIDICAO: YHIDSummaryAirport typePublicOperatorTorres Shire CouncilLocationHorn Island, QueenslandElevation AMSL43 ft / 13 mCoordinates10°35′08″S 142°17′34″E / 10.58556°S 142.29278°E / -10.58556; 142.29278MapYHIDLocation in QueenslandRunways Direction Length Surface m ft 08/26 1,389 4,557 Asphalt 14/32 1,235 4,052 Asphalt Sources: Australian AIP and aerodrome chart[1] Horn Islan...

 

Артем Новіковкирг. Артём Эдуардович Новиков Народився 13 січня 1987(1987-01-13) (36 років)Бішкек, Киргизька РСР, СРСРКраїна  КиргизстанНаціональність росіяни[1]Діяльність політик, бухгалтер, державний службовецьAlma mater Балтійський державний технічний університетd (2007)На

 

هذه المقالة عن سيرة شخصية ذات ملحوظية ضعيفة، وقد لا تستوفي ملحوظية الأشخاص، ويحتمل أن تُحذف ما لم يُستشهد بمصادر موثوقة لبيان ملحوظية الشخصية. (نقاش) (نوفمبر 2015) يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي ...

Dieser Artikel behandelt einen Stil in der Malerei. Zur gleichnamigen Grundschule siehe Donauschule Nendingen. Kreuzigung Christi von Albrecht Altdorfer Donauschule oder Donaustil ist eine umstrittene[1] Bezeichnung für einen Kreis von Malern des ersten Drittels des 16. Jahrhunderts, die in Bayern und im nördlichen Teil Österreichs (also entlang der Donau) tätig waren. Der Begriff Schule ist missverständlich, da die Mehrzahl der zu ihr gezählten Künstler nie in einer Lehrer-Sch...

 

Adam Forshaw Forshaw jugando para el Brentford F. C. en 2013.Datos personalesNombre completo Adam John ForshawNacimiento Liverpool, Reino Unido8 de octubre de 1991 (32 años)Nacionalidad(es) Británica InglesaAltura 1,74 m (5′ 9″)Peso 71 kg (156 lb)Carrera deportivaDeporte FútbolClub profesionalDebut deportivo 2009(Everton F. C.)Club Norwich City F. C.Liga EFL ChampionshipPosición CentrocampistaTrayectoria Everton F. C. (2009-2012) → Brentford F. C. (2012) Brentfor...

 

Charles Warren Eaton: Shawangunk Valley, c. 1900 Charles Warren Eaton (1857–1937) adalah seorang seniman Amerika yang terkenal karena lanskap tonalis miliknya. Ia mendapat julukan pelukis pohon pinus untuk berbagai penggambarannya tentang pohon Eastern White Pine. Biografi Eaton lahir di Albany, New York dari keluarga dengan pendapatan terbatas. Dia mulai bekerja pada usia sembilan tahun, dan bekerja di toko barang kering di Albany hingga dewasa awal. Ketika Eaton berusia dua puluh dua tahu...

Austin Aries Aries en 2013.Nacimiento Milwaukee, Wisconsin15 de abril de 1978 (45 años)Alma máter Waukesha West High School, Winona State UniversityNombres artísticos Dan Sexon,Austin AirsAustin AriesAustin StarrSuicidePeso 92 kg (202 lb)Estatura 1,79 m (5′ 10″)Nacionalidad Estados UnidosResidencia Minneapolis, MinnesotaEntrenador Eddie Sharkey, Terry FoxEstadísticasDebut 11 de noviembre del 2000[editar datos en Wikidata] Daniel Solwold[1]​[2]​...

 

خسوف القمر أبريل 2014   معلومات عامة التاريخ 15 أبريل 2014  تعديل مصدري - تعديل   حدث خسوف القمر الكلي في 15 أبريل 2014 ومن السابق لاثنين من الخسوف الكلي للقمر في عام 2014، الأولى في الرُباعيات (أربعة القمري الكسوف الكلي في سلسلة). الخسوف اللاحق في الرباعيات هي تلك من 8 أكتوبر 2014،...

 

قرية الفداء  - قرية -  تقسيم إداري البلد  اليمن المحافظة محافظة البيضاء المديرية مديرية مكيراس العزلة عزلة مكيراس السكان التعداد السكاني 2004 السكان 425   • الذكور 200   • الإناث 225   • عدد الأسر 56   • عدد المساكن 59 معلومات أخرى التوقيت توقيت اليمن (+3 غرينيت...

يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (مارس 2016) هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (...

 

США наЧемпіонаті світу з водних видів спорту 2015 Прапор СШАкод FINA USAНФ Водні види спорту Сполучених ШтатівВебсайт www.usaquaticsports.orgКазань, РосіяУчасників 97 в 6 видах спортуМедалей Золото Срібло Бронза Загалом 13 14 6 33 Участь у Чемпіонаті світу з водних видів спорту 197319751978198219861991...

 

Distribution of medals at the 1988 Summer Olympics Award1988 Summer Olympics medalsLocationSeoul,  South KoreaHighlightsMost gold medals Soviet Union (55)Most total medals Soviet Union (132) ← 1984 · Olympics medal tables · 1992 → This is the full table of the medal table of the 1988 Summer Olympics held in Seoul. These rankings sort by the number of gold medals earned by a country. The number of silvers is taken into consideration ne...

Austrian actress Mia MayBornHermine Pfleger(1884-06-02)2 June 1884Vienna, Austria-HungaryDied28 November 1980(1980-11-28) (aged 96)Los Angeles, California, U.S.Other namesHerma AngelotOccupationActressYears active1889–1924Spouse Joe May ​ ​(m. 1902; died 1954)​ChildrenEva MaySignature Mia May (born Hermine Pfleger; 2 June 1884 – 28 November 1980) was an Austrian actress.[1] She was married to the Austrian film prod...

 

For subsidary company that currently operates, see Score Media and Gaming. Score Media Inc.FormerlyHeadline Media GroupTypePublic companyTraded asFormerly TSX: SCRIndustryMediaFounded1997Defunct30 April 2013 (2013-04-30)FateAcquired by Rogers Communications; some assets spun off as theScore Inc.SuccessortheScore Inc.Rogers MediaHeadquartersToronto, Ontario, Canada, CanadaKey peopleJohn S. Levy, FounderProductsBroadcastingRevenue$7.73 million CADOwnerLevy family (74.07%)All...

 

R. B.WoodwardR・B・ウッドワード R・B・ウッドワード (1965)生誕 1917年4月10日 アメリカ合衆国マサチューセッツ州ボストン死没 (1979-07-08) 1979年7月8日(62歳没) アメリカ合衆国マサチューセッツ州ケンブリッジ居住 アメリカ合衆国国籍 アメリカ合衆国研究分野 有機化学研究機関 ハーバード大学出身校 マサチューセッツ工科大学論文 A Synthetic Attack on the Oestrone Problem (1937)...

18th season of top-tier football league in Russia Football league seasonRussian Premier LeagueSeason2009ChampionsFC Rubin Kazan2nd titleRelegatedFC Kuban KrasnodarFC KhimkiFC MoscowChampions LeagueFC Rubin KazanFC Spartak MoscowFC Zenit Saint PetersburgEuropa LeagueFC Lokomotiv MoscowPFC CSKA MoscowMatches played240Goals scored600 (2.5 per match)Top goalscorerWelliton (21)Biggest home winSpartak Moscow 5–0 TomBiggest away winSaturn 0–5 RubinHighest scoring10 matches with 6 goals in e...

 

2008 studio album by Charlotte SometimesWaves and the Both of UsStudio album by Charlotte SometimesReleasedMay 6, 2008 (U.S.)RecordedWinter 2007 [1]GenreIndie pop, pop rock, alternative rockLength40:13LabelGeffenProducerS*A*M & SluggoCharlotte Sometimes chronology Waves and the Both of Us(2008) Sideways(2010) Waves and the Both of Us is the debut album by Charlotte Sometimes. It was released on May 6, 2008. Reception The album met with positive reviews, drawing frequent co...

 

Everybody HurtsSingel oleh R.E.M.dari album Automatic for the PeopleDirilis 15 April 1993 16 April 1993 29 Juli 1993 (CD single) 5 Agustus 1993 (CD maxi-singles)FormatSingleDirekam1992GenreRockDurasi5:20LabelWarner Bros.ProduserScott Litt & R.E.M. Everybody Hurts adalah lagu oleh R.E.M., diterbitkan dalam album Automatic for the People tahun 1992 dan kemudian sebagai single pada 1993, mencapai #29 di Billboard Hot 100 dan #7 di UK Singles Charts. Sejarah Lagu ini diciptakan oleh drummer B...

У этого термина существуют и другие значения, см. Медаль «За боевые заслуги» (значения). Медаль «За боевые заслуги» Страна  СССР Тип медаль Кому вручается военнослужащим Советской Армии, Военно-Морского Флота, пограничных и внутренних войск Статус не вручается Стат...

 

Paghimo ni bot Lsjbot. 5°38′09″N 95°04′15″E / 5.6358°N 95.0709°E / 5.6358; 95.0709 Goh Keureuse Bungtod Nasod  Indonesya Lalawigan Nanggroe Aceh Darussalam Province Gitas-on 229 m (751 ft) Tiganos 5°38′09″N 95°04′15″E / 5.6358°N 95.0709°E / 5.6358; 95.0709 [saysay 1] Timezone WIT (UTC+7) GeoNames 6689780 Bungtod ang Goh Keureuse sa Indonesya.[2] Nahimutang ni sa lalawigan sa Nanggroe Aceh Dar...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!