Гестапо

Гестапо
Geheime Staatspolizei
Цивилни агенти на Гестапо за време на операција „Бели автобуси“ во 1945 година.
Гестапо била администрирана од службеници на SS.
Податоци за органот
Основан 26 април 1933
Укинат 8 мај 1945
Надлежност Германија Нацистичка Германија
Вработени 32,000 ок. 1944[1]
Надлежен министер Херман Геринг, Премиер на Прусија
Матичен орган Шуцштафел

Гештапо (германски изговор: [ɡeˈstaːpo, ɡəˈʃtaːpo] ( слушнете)), кратенка од Geheime Staatspolizei (Тајна државна полиција)[2][3], ― службената тајна полиција на Германија и европските територии заземени од неа.

Таа била створена од Херман Вилхелм Геринг во 1933 година со комбинирањето на различни безбедносни агенции на Прусија во една организација. Почнувајќи од 20 април 1934 година таа била предадена кон администрацијата на Шуцштафелот и националниот водач Хајнрих Химлер, кој во 1936 година бил назначен за шеф на германската полиција (Chef der Deutschen Polizei) од Адолф Хитлер, при што Гештапо станала национална наместо пруска државна агенција. За време на Втората светска војна, Гештапо имала важна улога во нацистичкиот план „конечно решение“ за истребување на Евреите од Европа.

Наводи

  1. Gellately 1992, стр. 44.
  2. Miller 2006, стр. 502.
  3. Yerger 1997, стр. 235.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!