Се забележува дека Западна Африка зафаќа помалку од една петтина од површината на Африка, или 5,2 милиони км2, но на неа живее една третина од населението во Африка односно околу 287 милиони жители. Со најмногу население се одликува Нигерија. Населението претежно се занимава со земјоделство и со сточарство. Најзастапени земјоделски култури се кафе, какао, пченка, банани, кикирики, маслодајни палми, шеќерна трска и др. Во сточарството најмногу се одгледуваат говеда, кози и овци.[1]
↑„millenniumindicators“. Архивирано од изворникот на 13. 07. 2011. Посетено на 08. 04. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
Благоја Маркоски, Географија за 8 одделение за осумгодишното основно образование, Министерство за образование и наука на Република Македонија. 978-608-4575-86-3