Нигер (француски: Niger; англиски: Niger; јоруба: Niger, Ọya) е река во Западна Африка. Извира од Либериските Планини, а тече низ државите Гвинеја, Мали, Нигер и Нигерија, и со голема делта се влева во Гвинејскиот Залив. Долга е 4.160 км, со површина на сливот од 2.092.000 км2.
Горниот и долниот тек на Нигер се во влажен тропски шумски појас, додека средишниот протекува низ савани, степи и полупустини. Нигер, по Нил и Конго, е трета река по големина во Африка. Има големо значење за наводнување во земјоделството и за сообраќајот.
Поважни градови на реката Нигер се Бамако, Нијамеј, Џеба и Порт Харкорт.