Езерата во Боливија се едни од земјишните облици на државата. Езерата се најголемите водни површини во Боливија, најмногу поради фактот што државата нема излез на море. Езерата се наоѓаат како на планинскиот, така и во рамничарскиот предел. Боливија располага со солени и слатководни езера, од кои првите се среќаваат на Алтиплано. а вторите во рамниците. Голем дел од езерата имаат сезонски поголемо количество на вода, а во принцип се солени површини или мочурливи области.
Планински езера
Во планинскиот регион Алтиплано има поголем број езера.