Боливијаното (ISO 4217 код: BOB; симбол Bs[1][2]) е официјалната валута на Боливија. Боливијаното е поделен на 100 сентавоси и истото име било за валутата која Боливија ја користела од 1864 до 1963.
Првите боливијаноси
Првите боливијаноси биле воведени во 1864. Еден боливијан бил еднаков на еден боливиски сол или половина боливиско скудо (поранешни валути). Првично, валутата била поделена на „сентесимос“, но името било сменето во 1870 во сентаво.
После долгогодишна хиперинфлација, пезо боливиано било заменето со ново боливијано во 1987 година. Во тоа време едено боливијано било еднакво на 1 американски долар.