Титикака (шпански: Lago Titicaca, кечуански: Titiqaqa Qucha) — најголемото езеро во Јужна Америка и се наоѓа на западниот дел од континентот.[1][2][3] Тоа е воедно и највисокото пловно езеро во светот[4] (се наоѓа на 3.810 метри надморска височина).[5] Долго е 196, а широко 56 километри во просек и се протега од југоисточниот дел на Перу па сè до западна Боливија. Површината изнесува 8.300 км, а најдлабоката точка се наоѓа на 280 метри под површината.[6] Вкупно 25 реки со површина од околу 58.000 км се влеваат во езерото Титикака кај областа Алтиплано. На јужната страна од Титикака се наоѓа единствениот одлив од езерото - Desaquadero. Поради испарувања езерото губи 95% од влеаната вода. Титикака има 41 остров, од кои многумина се населени, а најголемиот остров е Титикака (Isla de Titicaca). Во околината на езерото може и ден денес да се најдат остатоци од градби од кои некои потекнуваат од времето на Инките. Располага со многу видови риби, а околината на бреговите се користи главно за земјоделство.
↑Grove, M. J., P. A. Baker, S. L. Cross, C. A. Rigsby and G. O. Seltzer 2003 Application of Strontium Isotopes to Understanding the Hydrology and Paleohydrology of the Altiplano, Bolivia-Peru. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:281-297.
↑Rigsby, C., P. A. Baker and M. S. Aldenderfer 2003 Fluvial History of the Rio Ilave Valley, Peru, and Its Relationship to Climate and Human History. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:165-185