Дејан Блажевски (1985) — македонски фудбалер, напаѓач на Вардар и повремен член на македонската фудбалска репрезентација.
Клупска кариера
Турново
Во есенскиот дел на сезоната 2013-2014 година, Блажевки бил прв стрелец во првата македонска фудбалска лига, постигнувајќи 19 голови, додека во календарската 2013 година, Блажевски постигнал вкупно 30 голови. Оттука, на 26 декември 2013 година, Фудбалската федерација на Македонија го прогласила Блажевски за најдобар македонски фудбалер кој игра во домашното првенство.
Вардар
На 1 март 2015, го направил своето официјално деби за Вардар, постигнувајќи два гола во победата на гости над Силекс со 3-0. Во следното коло, на дебито пред домашната публика, повторно бил стрелец во победата со 2-1 над Металург.
Репрезентативна кариера
Блажевски го направил своето деби за македонската сениорска репрезентација на 14 ноември 2012, Во периодот кога селектор бил Чедомир Јаневски, во победата со 3-2 над Словенија.[1]
Наводи
- ↑ "Блажевски одигра година за паметење, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр, 26.