Владица Брдаровски — македонски фудбалер, роден на 7 февруари 1990 во Битола. Моментално игра во Вардар.
Клубска кариера
Владица Брдаровски е роден во Битола во 1990 година. Како младинец настапувал во екипата на Пелистер од Битола. За екипата дебитирал во 2009 година и од 2009 до 2011 година настапил на 28 натпревари. Во 2011 година се преселил во Чешка во екипата на Збројовка Брно, настапувајќи само на 3 натпревари. Истата година се вратил во Македонија, во екипата на Работнички од Скопје. Во периодот од 2011 до 2013 играјќи за екипата на Работнички забележал 30 настапи. Во сезоната 2013/2014 се вратил во матичниот тим Пелистер, настапувајќи на 30 натпревари. Во 2015 година се преселил во Унгарија, во екипата на Ѓер и настапил на 11 натпревари. Истата година се преселил во екипата на Вардар, играјќи за екипата во периодот од 2015 до 2020 година, настапувајќи на 109 лигашки средби со 5 постигнати погодоци. Во сезоната 2017-2018 со екипата на Вардар учествувал во Лига Европа. Во 2020 година се преселил во Косово, каде играл во екипата на Дрита. Таму се задржал само во сезоната 2020/2021, настапувајќи на 18 средби. Во 2021 година се вратил во Македонија, потпишувајќи за екипата на Шкупи.
Репрезентативна кариера
За македонската фудбалска репрезентација дебитирал во 2012 година. Настапувајќи на 7 натпревари.
Надворешни врски