Првиот Европеец што ја забележал планината е Џорџ Ванкувер во 1794 г. Во 1903 г. е направен првиот обид за нејзино искачување, но завршил неуспешно. Првото потврдено освојување го напаравиле Хадсон Стак, Хари Карстенс, Волтер Харпер и Роберт Тејтум во 1913 г.[6]
Со висина од 6.168 м, Денали е највисока планина во Северна Америка и се издига 5.500 м. над основата, што значи дека е највисока во светот сметајќи од подножјето.[5] Се издига од накосена рамница на надморска височина од 300-900 м, што значи дека висината ѝ се разликува во зависност од местото на набљудување (во опсег од 0-1000 м).[9] (Од друга страна, Монт Еверест се издига од Тибетската Висорамнина, што значи дека почнува од многу повисоко — 4.200 м до 5.200 м, па затоа Монт Еверест е самостојно висок само 3.700 до 4.700 м. наспроти самостојните 5.500 м на Денали[10] Сепак, Денали има само половина од самостојната висина на вулканот Мауна Кеја (10.020 м), но голем дел од планината е под вода.[11]
Врвови и ледници
Денали има два поважни врва: Јужниот (повисокиот) и Северниот, на н.в. од 5.934 м[7] и топографска истакнатост од околу 387 м.[12] Северниот понекогаш се смета за посебен, но ретко се искачува, освен од северниот приод.
По страните на планината се протегаат пет поголеми ледници: Питерс (северозападна страна), Малдроу (североисточна), Тралејка (источна), Рут (југоисточна) и Кахилтна (југозападна).[13][14]
Искачување
Планината денес редовно се искачува. Во 2003 г. до врвот успешно стигнале 58% од планинарите, со вкупно 100 жртви за период од еден век.[15] Највеќето планинари се искачуваат преку Западниот Потпорник, пронајдена во 1951 г. од истражувачот Бредфорд Вошберн,[6] по внимателни и опширни анализи на авионски снимки. Искачувањето трае 2-4 недели.
Околни планини
Во околината на Денали се наоѓаат следниве планини:
↑Mount Everest (Map). 1:50.000. Картографија: Bradford Washburn. 1991. ISBN3-85515-105-9. Изготвена за Научниот музеј во Бостон, Швајцарскиот фонд за алпски истражувања и Националното географско друштво