Кошќушко (англиски: Mount Kosciuszko, од полски: Kościuszko) — планина во венецот Снежни Планини на територијата на Националниот парк Кошќушко во Нов Јужен Велс, Австралија. Со висина од 2.228 м, ова е со највисоката планина во Австралија (не сметајќи ги надворешните територии).[1] Наречена е по во чест на полскиот национален херој и војсководец во Американската војна за независност, Тадеуш Кошќушко (1746-1817), кое ѝ го дал полскиот истражувач Павел Едмунд Стшелецки во 1840 г. поради тоа што по облик му личела на истоимената тумба во Краков.[2]
Вровот и околните предели се под снег во зима и пролет (обично од почетокот на јуни до крајот на октомври и подоцна).
Националниот парк Кошќушко ги нуди најблиските скијачки центри до градовите Канбера и Сиднеј: Тредбо, Шарлот Пас и Перишер Блу. Можно е планината да била искачена од Абориџините долго пред доселувањето на Европејците.
Во декември секоја година се одржува ултрамаратонска трка „Од брегот до Кошќушко“ (Coast to Kosciuszko) во должина од 240 км — од морето до самиот врв на планината.[3]
Повисоки планини на австралиска територија
Постојат две повисоки планини на австралиска територија, кои географски не припаѓаат на самиот австралиски континент:
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| Азија | |
---|
| Јужна Америка | |
---|
| Северна Америка | |
---|
| Африка | |
---|
| Европа | |
---|
| Антарктик | |
---|
| Океанија | |
---|
| Австралија | |
---|
|