Општината Делта е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Ехедор (Ехедорос), Вардар (Аксиос) и Кулакија (Халастра). „Ехедор“ е древно име на реката Галик, која ја дели истата делта.
Општинска единица Вардар
Општинската единица Вардар со седиште во Јунчии (Кимина) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
село Кангалич (или К’нглич, Кајали; Βραχιά, Врахија)
Општински оддел Нов Малгад
село Нов Малград (Νέα Μάλγαρα, Неја Малгара) новосоздадено
Општинска единица Ехедор
Општинската единица Ехедор опфаќа четири населени места во областа Вардарија по долното течение на реката Галик, и го носи нејзиното древно име „Ехедор“. Административен центар е градот Текелиево (Синдос). Општинската единица Ехедор ги опфаќа следниве општински оддели и населени места: