Синтика (грчки: Δήμος Σιντικής, Димос Синдикис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Валовишта (или Демир Хисар; гр. Сидирокастро). Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Демирхисарско“ („Валовишко“).
Општината Синтика е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на општините Беласица (Керкини), Валовишта (Сидирокастро), Петрич (Петрици) и општинските целини Драготин (Промахонас), Крушево (Ахладохори) и Сенгелово (Ангистро) по законот „Каликратис“.[1] Општината практично е наследник на некогашната епархија Ситника во Серскиот округ која постоела до усвојувањето на законот „Каподистријас“ во 1997 г. и е приближно слична на Демирхисарската каза на Серскиот санџак во Османлиското царство.
Општинска единица Беласица
Општинската единица Беласица со седиште во Станица Порој ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Станица Порој
село Станица Порој (Ροδόπολη, Родополи) новосоздадено
Општинската единица Драготин опфаќа само едно населено место — Драготин (Προμαχώνας, Промахонас).
На територијата на единицата се и отпишаните села Рајковци (Καπνότοπος, Капнотопос) и Рупел (Κλειδί, Клиди).
Општинска единица Крушево
Општинската единица Крушево со седиште во Крушево (Ахладохори) опфаќа три села сместени во котлина во долината на Крушевска Река (Крусовитис), затворена меѓу планините Славјанка (Алиботуш или Орвилос) од север и Шарлија (Ори Врондус) од југ.
На територијата на општината е и село Обаја (Агриолевка), отпишано во 1960 г.
Општинска единица Сенгелово
Општинската единица Сенгелово опфаќа само едно населено место — Сенгелово (Άγκιστρο, Ангистро).
На територијата на општинската единица се и отпишаните села Вранково (Κάτω Καρυδιά, Като Каридија), Лехово (Κρασοχώρι, Красохори), Трнка (Δαμάσκηνο, Дамаскино) и Хоџово (Άνω Καρυδιά, Ано Каридија).