Капуџичар-Хортач (грчки: Δήμος Πυλαίας - Χορτιάτη, Димос Пилејас-Хортијати) — општина во Солунско, Егејска Македонија, денес во Солунскиот округ на Централна Македонија, Грција. Општината пофаќа 7 населени места во северозападниот дел на полуостровот Халкидик и ги носи имињата на солунските населби Капуџилар (денес Пилеја) и на планината Хортач (Хортијатис). Административен центар е Арсакли (денес Панорама).
Населени места
Општината е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Арсакли, Капуџилар и Хортач по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Арсакли
Општинската единица Арсакли опфаќа само едно населено место — градот Арсакли (Πανόραμα, Панорама), кој е впрочем предградие на Солун.
Општинска единица Капуџилар
Општинската единица Капуџичар опфаќа само едно населено место — град Капуџилар (Πυλαία, Пилеја), кој е впрочем предградие на Солун.
Општинска единица Хортач
Општинската единица Хортач ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Санаториум
- село Ексохи (порано Санаториум; Εξοχή) новосоздадено
-
-
- село Хортач (Χορτιάτης, Хортијатис)
- Општински оддел Пејзаново
- село Пејзаново (Ασβεστοχώρι, Асвестохори)
- село Кранос (Κράνος) новосоздадено
Поврзано
Наводи
Надворешни врски