Влатко Стојановски (роден на 23 април 1997 година) ― македонски професионален фудбалер кој игра како напаѓач за македонскиот прволигаш Работнички и за репрезентацијата на Македонија.[1]
Клупска кариера
Откако минал низ младинските категории на Металург, Стојановски го направи своето професионално деби на 29 октомври 2014 година во поразот со 2–1 против Шкендија.[2] На 29 август 2015 година, тој го постигнал својот прв професионален гол во поразот со 2–1 против Младост.[3]
Стојановски постигнал четири гола во победата на Ренова во лигата со 9–1 против Победа на 4 мај 2019 година.[4] Сезоната 2018/19 ја завршил како најдобар стрелец во Првата македонска лига.[5]
На 3 јули 2019 година, францускиот клуб од Лига 1, Ним Олимпик го објавил потпишувањето на Стојановски на тригодишен договор.[6][7][8]
Во јули 2023 година, за сезоната 2023/24, тој станал играч на Работнички.[9][10]
Меѓународна кариера
Тој го имал своето деби за сениорската репрезентација на Македонија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство во ноември 2019 година против Австрија, во кој веднаш го постигнал својот прв репрезентативен гол.[11]
Кариерска статистика
Меѓународна
- Обновено на 22 октомври 2022[1]
Настапи и голови по репрезентација и година
Репрезентација
|
Година
|
Наст.
|
Гол.
|
Македонија
|
2019
|
2
|
1
|
2020
|
4
|
1
|
2021
|
3
|
0
|
2022
|
1
|
0
|
Вкупно
|
10
|
2
|
Наводи
Надворешни врски