Дамјан Шишковски (Скопје, 18 март 1995) — македонски фудбалски голман кој моментално игра за Докса Катокопијас,[1] и за репрезентацијата на Македонија.[2]
Клупска кариера
Дамјан Шишковски својата кариера ја има започнато во 2010 година во екипата на Работнички од Скопје. Во екипата играл во периодот од 2010 до 2018 година и забележал 75 настапи. Во сезоната 2018 година преминува во екипата на Лахти од Финска, каде во сезоната 2018/2019 забележал вкупно 15 настапи. Во 2019 преминал во тимот на РОПС каде настапил на 5 натпревари. Во сезоната 2019/2020 се враќа во екипата на Работнички, и за екипата настапил на 23 натпревари. Во 2020 година преминал во екипата на Докса Катокопијас каде сè уште настапува, досега за овој тим одиграл 87 натпревари.
Репрезентативна кариера
Своето деби за македонската фудбалска репрезентација го имал во 2020 година и досега настапил на 8 натпревари.
Бил дел од Младинското европско првенство до 21 година во 2017 година во Полска, каде настапил на натпреварот против Португалија кој Македонија го загубила со 4-2.
Исто така бил во составот на македонската репрезентација на европското првенство во 2021 година, каде не забележал настап.
Репрезентативна статистика
Македонија
|
Година
|
Настапи
|
Голови
|
2020
|
6
|
0
|
2021
|
0
|
0
|
Вкупно
|
6
|
0
|
Трофеи, награди и признанија
Екипно
- Работнички
- Гент
- Прва лига на Белгија: 2014/15.[4]
Наводи
Надворешни врски