Висок комесаријат на ООН за бегалци(УНХЦР; основана 14 декември, 1950) — агенција под надлежност на Обединетите Нации со мандат за заштита и поддршка на бегалците на барање на владите или на самите ОН и помага во нивна повторна социјализација и вклучување или сместување во друга замја. Нивните канцеларии се во Женева, Швајцарија, со повеќе од 17,300 работнички кадар во 135 држави.[1]
УНХЦР е основана на 14 декември 1950 година и ја наследила претходната агенција, Агенција за олеснување и рехабилитација на Обединетите нации. Агенцијата има мандат да води и координира меѓународни акции за заштита и решавање на проблемите на бегалците низ целиот свет. Нејзина главна цел е да ги заштити и да обезбеди почитување на правата на бегалците. Таа се стреми да обезбеди секој да може да побара азил и да најде безбедност во друга земја, со можност доброволно да се врати во сопствената земја, да биде вклучен или да се пресели во друга земја.
Мандатот на УНХЦР бил значајно проширен за да може да обезбеди заштита и хуманитарна помош и на други лица што се водат како „загрижувачки“, вклучувајќи внатрешно раселени лица кои влегуваат во правната категорија на бегалци под Конвенција за статус на бегалци од Обединети нации и Протоколот од 1967, Конвенцијата на Организацијата за Африканска обединетост од 1969, или некој друг мировен договор ако ја напуштат земјата, но кои сѐ уште се присутни во нивната земја на потекло. УНХЦР моментално има свои мисии во Либан, Јужен Судан, Чад/Дарфур, Демократска Република Конго, Ирак, Авганистан како и во Кенија да помогне и да им обезбеди помош на внатрешно раселените лица и бегалци.
Повеќето палестински бегалци – тие во Западен Брег, Појасот Газа, Либан, Сирија и Јордан – не спаѓаат по одговорност на УНХЦР, туку под постарата организација, Агенција за олеснување и труд на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА/UNRWA). Но Палестинските бегалци надвор од доменот на работење на УНРВА потпаѓаат под мандатот на УНХЦР, ако ги исполнат строгите бегалски критериуми на УНРВА.
Неколку нови програми во последно време биле претставени за да биде обезбедена поддршка и да се подигне нивото на свест за бегалците низ целиот свет. Овие две програми се дел од Милениумски цели на Обединетите нации.
Од 1954 година, Наградата за бегалци „Нансен“ на УНХЦР е доделувана секоја година на лице или организација како признание за извонредната услуга за каузата на бегалците, раселените или лицата без држава.
УНХЦР има добиено Нобелова награда за мир во 1954 и 1981 година. На УНХЦР му била доделена Наградата „Индира Ганди“ во 2015 година.
Во 1991 година била наградена со Награда на принцезата на Астурија за меѓународна соработка.[2]
Од 1 јануари, 2007 УНХЦР прикажала вкупна бројка од 21 018 589 поединци кои спаѓаат под нејзиниот мандат.
УНХЦР има персонал од околу 6300 вработени во 110 земји.[3]
На местото на Висок Претставник биле
Пред воведувањето на УНХЦР, Фридјоф Нансен беше Висок Претставник за бегалци на Лигата на Нациите од 1922.
УНХЦР е претставуван и од УНХЦР Амбасадори на добра волја, кои во моментов се Барбара Хендрикс, Адел Имам, Анџелина Џоли, Џорџо Армани, Борис Трајанов, Жулиен Клерк, Џорџ Даларес, Освалдо Лапорт, Калед Хусеини and Муазез Ерсој.[4] Претходни амбасадори биле и Ричард Бартон, Назиа Хасан, Џејмс Мејсон и Софија Лорен.
Ф;Други извори
Архивирано на 29 октомври 2007 г.