Википедија:Правете само врски што се поврзани со контекстот

Правете врски што се поврзани со контекстот.

  • Правете врски што помагаат во ориентацијата и сфаќањето.
  • Избегнувајте очигледни, прекумерни и бескорисни врски.

Контрапродуктивно е да правите врски за сите можни зборови. Тоа се нарекува „прекумерно поврзување“ (overlinking).[1] Голема густина од врски може да го отфрли вниманието од важните врски коишто вистински би им служеле на читателите (пример: Александар е човек.). Прекумерните врски ја затнуваат страницата и го оневозможуваат понатамошното средување. Врските се аналогни на референците од типот „видете: “ во печатените медиуми. Замислете како би било кога секој втор збор во една енциклопедиска статија би имал до него „(видете: )“. Врските не би требало да бидат премногу бројни со што би се отежнало читањето на статијата.

Оваа страница служа како баланс за основното правило на правење мрежа.

Што воглавно не треба да се поврзува

__DTELLIPSISBUTTON__{"threadItem":{"headingLevel":2,"name":"h-","type":"heading","level":0,"id":"h-\u0428\u0442\u043e_\u0432\u043e\u0433\u043b\u0430\u0432\u043d\u043e_\u043d\u0435_\u0442\u0440\u0435\u0431\u0430_\u0434\u0430_\u0441\u0435_\u043f\u043e\u0432\u0440\u0437\u0443\u0432\u0430","replies":[]}}-->

Воглавно, не правете врски до:

  • Основни зборови, вклучувајќи ги и мерните единици.
  • Споредни теми, што доведува до црвени врски (врски што не водат никаде) до статии што никогаш нема да бидат напишани, како на пример, имиња на заглавија од некоја книга.
  • Истата врска повеќе пати, бидејќи прекумерните врски ја затнуваат страницата и го оневозможуваат понатамошното средување. Неретко се наоѓа врска што се појавила претходно во статијата, но речиси никогаш нема причина да се прави врска за истиот поим двапати во едно заглавие (исклучок се податоците во табели: секоја редица од табелата си е засебна).
  • Поединечни зборови од фраза кога постои посебна статија за таа фраза. На пример, треба врска до „знаме на Нацистичка Германија“, наместо „знаме на Нацистичка Германија“. Таква врска сигурно ќе биде од поголем интерес и од поголема корист за читателот, и речиси сигурно таа содржи врски до поопштите поими, во овој случај, „знаме“ и „Нацистичка Германија“.
  • Страница што пренасочува до страницата каде што се наоѓа самата врска. Овие пренасочувања во круг се фрустрирачки за читателите.
  • Зборови во страници за појаснување што не се самата цел на појаснувањето. Главното правило е „една врска по поим“; додатни врски можат да го збунат читателот. На пример, треба
ВМРО-ДПМНЕ - современа македонска политичка партија, лидер Никола Груевски.“, наместо
ВМРО-ДПМНЕ - современа македонска политичка партија, лидер Никола Груевски.“.

Што воглавно треба да се поврзува

__DTELLIPSISBUTTON__{"threadItem":{"headingLevel":2,"name":"h-","type":"heading","level":0,"id":"h-\u0428\u0442\u043e_\u0432\u043e\u0433\u043b\u0430\u0432\u043d\u043e_\u0442\u0440\u0435\u0431\u0430_\u0434\u0430_\u0441\u0435_\u043f\u043e\u0432\u0440\u0437\u0443\u0432\u0430","replies":[]}}-->

Воглавно, правете врски до:

  • Работи што се во врска со темата на статијата и ќе ги им помогнат на читателите да ја сфатат статијата поцелосно (видете го примерот подолу). Ова вклучува луѓе, настани и теми што веќе имаат статија или што јасно заслужуваат своја статија, сѐ додека врската е во врска со статијата од којашто се поврзува.
  • Референци до страници со повеќе информации за некоја поттема.
  • Технички изрази, освен ако не се целосно дефинирани во статијата и немаат нивни засебни статии. Понекогаш, најсоодветна врска е меѓујазична врска до Викиречник.
  • Смисла на некој збор што може да биде збунувачка за оние што не се родени говорители на јазикот.
  • Имиња на географски места, бидејќи многу места имаат слични имиња и многу читатели може да помислат на различни работи. Направете врска до статијата за тоа место (или, ако нема таква, статија за местото каде што се наоѓа местото) или направете никулец или пренасочување, ако местото заслужува статија.

Други работи

__DTELLIPSISBUTTON__{"threadItem":{"headingLevel":2,"name":"h-","type":"heading","level":0,"id":"h-\u0414\u0440\u0443\u0433\u0438_\u0440\u0430\u0431\u043e\u0442\u0438","replies":["h-\u0413\u0443\u0441\u0442\u0438\u043d\u0430_\u043d\u0430_\u0432\u0440\u0441\u043a\u0438-\u0414\u0440\u0443\u0433\u0438_\u0440\u0430\u0431\u043e\u0442\u0438","h-\u0417\u0430\u0433\u043b\u0430\u0432\u0438\u0458\u0430-\u0414\u0440\u0443\u0433\u0438_\u0440\u0430\u0431\u043e\u0442\u0438","h-\u0426\u0438\u0442\u0430\u0442\u0438-\u0414\u0440\u0443\u0433\u0438_\u0440\u0430\u0431\u043e\u0442\u0438","h-\u0414\u0430\u0442\u0443\u043c\u0438-\u0414\u0440\u0443\u0433\u0438_\u0440\u0430\u0431\u043e\u0442\u0438","h-\u041d\u0430\u0441\u043b\u043e\u0432\u0438-\u0414\u0440\u0443\u0433\u0438_\u0440\u0430\u0431\u043e\u0442\u0438","h-\u0421\u0442\u0440\u0430\u043d\u0438\u0446\u0438_\u0437\u0430_\u043f\u043e\u0458\u0430\u0441\u043d\u0443\u0432\u0430\u045a\u0435-\u0414\u0440\u0443\u0433\u0438_\u0440\u0430\u0431\u043e\u0442\u0438"]}}-->

Густина на врски

Обидете се да оддржите конзистентност во густината на врските. Не е убаво да има осум врски во една реченица, а понатаму ниедна во остатокот од статијата. Ова правило не мора да важи за воведниот дел од статијата. Кај статии со општа тематика, подобро е во воведниот дел да не се прават врски до статии за коишто има врски во делот „Видете уште“, а тоа да се остави за понатамошниот дел од статијата. Ако воведниот дел содржи многу врски, тоа може да ги одведе читателите на многу други статии, што би го оттргнало нивното внимание од првичната статија. Кај технички статии, каде што поимите во воведниот дел може да се несекојдневни или невообичаени и неопходни се врски за да се сфатат, дозволено е, а можеби и неопходно, да се има голема густина на врски во воведниот дел.

Премногу врски ја прават статијата тешка за читање. На пример, видете ја оваа архивирана верзија од статијата Mean Red Spiders, во споредба со оваа многу прифатлива верзија.

Заглавија

Воглавно, обидете се да не правите врски до заглавија, бидејќи читателот би пристигнал на средина на некоја статија без да го знае контекстот. Сепак, понекогаш постои поврзана дискусија во некое заглавие до коешто би требало да се направи врска. Форматирањето за врска до заглавие е [[Статија#Заглавие|име на врската]]. На пример, за да направите врска до заглавието „Историја“ од статијата Република Македонија, внесете [[Република Македонија#Историја|Историја на Македонија]]. Кога правите такви врски (piped links), размислете што би си помислил читателот за тоа до каде води врската. Во овој пример, врската не би требало да биде именувана „Република Македонија“, бидејќи читателот ќе си помисли дека врската води до општата статија Република Македонија.

Цитати

Подобро е да се избегнуваат врски во цитати, а да се ставаат врски во околниот текст кога тоа е можно. Не правете врски на датуми во цитати.

Датуми

  • Би требало да се прават врски до датуми што содржат ден, месец и година — [[25 март]] [[2004]] — или ден и месец — [[10 февруари]] —.
  • Не би требало да се прават врски до месеци и денови од неделата што стојат самостојно. Исто така, подобро е да се избегнуваат врски до години што стојат самостојно (без датум).
  • Википедија има статии за денови од годината, години, декади, векови и милениуми. Како општо правило, правете врски до овие страници само ако би им служеле на читателите за подобро да ја разберат темата.
  • Не би требало да се прават врски до датуми во наслови на заглавија.

Наслови

Како општо правило, не правете врски од првите зборови од статијата што се напишани со задебелени букви (обично тие се и името на статијата) или од зборови од поднасловите (заглавијата).

Страници за појаснување

Не правете врски од останатите зборови во редот, освен ако не се неопходни за читателите да одлучат дали тоа е она што го бараат.


Белешки

__DTELLIPSISBUTTON__{"threadItem":{"headingLevel":2,"name":"h-","type":"heading","level":0,"id":"h-\u0411\u0435\u043b\u0435\u0448\u043a\u0438","replies":[]}}-->
  1. Dvorak, John C. (април 2002). „Missing Links“. PC Magazine.

Поврзано

__DTELLIPSISBUTTON__{"threadItem":{"headingLevel":2,"name":"h-","type":"heading","level":0,"id":"h-\u041f\u043e\u0432\u0440\u0437\u0430\u043d\u043e","replies":[]}}-->


Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!