Атанас е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакаше со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш му се познавало патриотскиот дух. При секое минување низ градскиот плоштад, застануваше и се поклонуваше на паметникот на Делчев војводата, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитуваше и споменуваше ликот и делото на Гоце Делчев.[3]
После полнолетството, Атанас имаше силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на Полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата. Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил брак со неговата сопруга, која веќе била трудна и очекувале прво дете. Атанас ја доживува истата судбина како и неговиот соборец, беровчанецот Никола Пехчевски, кои заедно загинаа, и двајцата не дочекале да си ги видат децата. Неговото чедо денес го носи татковото име - Атанас.[4]
Атанас како и другите соборци кои загинуваат заедно, доброволно се пријавувале да учествуваат во првите борбени редови во акцијата за ослободување на Арачиново
При акцијата, која ЕСЗ Тигар ја започна западно од Арачиново во Брњарци, кај селските гробишта е погоден од армиска граната заедно со Александар Стојчев, Оливер Китановски и Никола Пехчевски, кои на лице место загинуваат. Напредувањето на ЕСЗ Тигар не беше известено, и кога се нашле на поранешна непријателска позиција биле погодени од армиска граната. Се води како несреќен случај и нема виновни. Некоординираноста помеѓу АРМ и МВР е причината.
Вистината околу смртта и некоординираноста помеѓу АРМ и МВР
За време на војната во 2001 година, кога функционираше таканаречената широка влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски. Македонската јавност сè уште се замајува со некаква верзија за настанот според која сè се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое претходно, на 9 јуни2001 година, тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. Ниту една влада досега не успеала да го расветли контроверзното загинување на бранителите кај гробиштата во Брњарци, село на околу два километри од скопскоАрачиново.[7]
Потресните информации за загинувањето на полицајците на гробиштата кај Брњарци, според поранешниот разузнавач Јанко Бачев, се криеле од јавноста затоа што државата ќе морала да им плати обесштетување на нивните семејства.
На гробиштата кај Брњарци на 23 јуни2001 година кога загинаа тројцата полицајци, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“. Почина по пет дена, на 21 годишна возраст. Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.