Како и секој татко, така и Ферид гордо го испрати својот син Фејзо во армијата која треба да ја чува и да ја брани ако затреба земјата и нејзината слобода и интегритет. Со своите војнички другари и 20 годишниот Фејзо се најде на границата недалеку од Танушевци.
Одговорноста и чесната задача да се бранат мегите на татковината, ја чувствуваат сите кои само еднаш се движеле на граничниот појас. Беше таму со младешката храброст и омилениот војник Фејзо.
На 3 јули2001 година откако го пречекаа конвојот на Рамно што доаѓаше од касарна Илинден почнаа да се повлекуваат према караула Танушевци каде што требаше да се истовари храната и останатите намирници предвидени за војската од караула Танушевци, Кодра Фура, и школ. Танушевци. Времето беше врнежливо и доста магловито. На 800 метра пред караула Танушевци се случува заседата. Имено, и покрај големото обезбедување кое беше претходно поставено припадници на ОНА прво отвориа оган на десната страна од патот при што го свртеа вниманието на војската (претежно резервисти), а после тоа од левата страна на патот од страна на стариот пат што води према с. Танушевци притрчува припадник на ОНА и со ракетен фрлач Зоља смртно го погодува (на три дена пред завршување на воениот рок) Фејзо во главата, при што транспортното возило Леонидас со кое управуваше тој без контрола застанува на сам бездна.
Откако го извлекоа телото на Фејзо, војн. по дог. Сашо И. се пријави како доброволец (иако немаше претходно искуство) да го извлече Леонидасот. Го закачиа со сајла за Тенк Т55, мрднува едно метро, и поради лошата команда сајлата се откачува од Тенкот, при што Леонидасот прави десетица превртувања во бездна. На тој ден покрај тоа што погинува Фејзо, со траен инвалидитет останува и војн. по догов. Сашо И. Фејзо Џеладиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]