Сашко Манасков е роден во 1968 година во Велес. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил активен полицаец. На 20 октомври, во околу 22:15 часот загинува во тешка сообраќајна незгода.[2] Настанот се случил во моментот кога возачот на товарното возило „МАН“ сопственост на ДОО Гас Петрол - Колашин, што го управувал црногорскиот државјанин Миленко Миомановиќ, со возилото манерирал наназад. Тој без да забележи дека му се отворило десното крило од вратата, го удрил резервниот полицаец. Од ударот Сашко Манасков задобил тешки телесни повреди од кои починал на самото место. За сообраќајката била известена и полицијата која заедно со истражен судија и заменик на скопскиот Основен јавен обвинител извршиле увид. Телото на загинатиот било предадено на институтот за судска медицина на обдукција.