Ален Бокшиќ

Ален Бокшиќ
Лични податоци
Роден на 21 јануари 1970(1970-01-21)(54 г.)
Роден во Макарска, СФРЈ
Држава Југославија Југославија
Хрватска Хрватска (од 1991)
Висина &100000000000001870000001,87 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2003 (33 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987-1991 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 174 (60)
1991-1992 Кан Кан 1 (0)
1992-1993 Марсеј Олимпик Марсеј 58 (33)
1993-1996 Лацио Лацио 67 (17)
1996-1997 Јувентус Јувентус 22 (3)
1997-2000 Лацио Лацио 48 (14)
2000-2003 Мидлсбро Мидлсбро 68 (22)
Репрезентација
1988-1991 Југославија Југославија 21 11 (3)
1990 Југославија Југославија 0 (0)
1993-2002 Хрватска Хрватска 40 (10)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Ален Бокшиќ (роден на 21 јануари 1970, во Макарска) — поранешен хрватски фудбалер, кој настапувал на позицијата напаѓач. Тој бил познат по одличната техника и се смета за еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња.[1][2]

Со Олимпик Марсеј Бокшиќ ја освоил Лигата на шампионите во сезоната 1992-1993 и на крајот на истата година завршил на четвртото место во изборот за Европски фудбалер на годината. Истата година бил прогласен за Хрватски фудбалер на годината. Потоа, тој играл во една од најсилните лиги во светот во тоа време, италијанската Серија А, каде освоил две скудета со Јувентус во 1997 и со Лацио во 2000 година. Тој исто така бил прогласен за еден од најдобрите странски фудбалери во историјата на Серија А од 1980 година наваму.[3]

Иако бил избран во составот на Југославија за Светското првенство 1990 во Италија, сепак тогаш само 20-годишниот Бокшиќ не играл на турнирот, бидејќи селекторот Ивица Осим ги претпочитал поискусните играчи како опции во нападот. По распадот на Југославија и прогласувањето на независност од страна на Хрватска, Бокшиќ станал составен дел на репрезентацијата на Хрватска во 1990-тите години под водството на селекторот Мирослав Блажевиќ. Тој играл за Хрватска на Европското првенство 1996, но поради повреда која ја претрпел само неколку недели пред турнирот отпаднал од составот за Светското првенство 1998 во Франција, на кое коцкестите го освоиле третото место. Сепак, четири години подоцна на 32-годишна возраст, тој играл на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, појавувајќи се во сите три натпревари на својата земја во групната фаза, пред да се повлече од репрезентацијата само една година подоцна во 2003 година.

Технички одлики

Бокшиќ бил напаѓач кој го поседувал целиот фудбалски репертоар; тој бил динамичен, физички силен и плоден напаѓач, кој бил познат по својата техника, вештина, креативност, движење, моќ, издржливост и темпо, што му овозможувало да ја отвори противничката одбрана и да создаде простор за неговите соиграчи да можат да се уфрлат во нападот. И покрај неговите квалитети, тој еден период се нашол на критика на италијанските медиуми за неговиот повремен недостаток на точност пред противничките голови за време на своето време во Серија А. Исто така, бил доста склон кон повреди.[1][2][4][5][6][7][8][9][10][11][12][13][14]

Кариера

Хајдук Сплит

Бокшиќ е роден во Макарска и ја започнал својата кариера во клубот Змај од Макарска. Како млад, тој се преселил во Хајдук Сплит, за кого дебитирал во 1987 година. Тој освоил еден Куп на Југославија со сплитските бели во 1991 година, постигнувајќи го единствениот гол во финалето против Црвена Ѕвезда. Вкупно за Хајдук, Бокшиќ одиграл 111 натпревари и постигнал 30 голови.

Кан и Олимпик Марсеј

Тој се преселил во францускиот Кан пред почетокот на сезоната 1991-1992, но бил оневозможен од повреди да ги покаже својте квалитети и одиграл само еден натпревар за целата сезона.

Во летото 1992 година, Бокшиќ потпишал за Олимпик Марсеј. Во неговата прва сезона тој уживал голем успех со клубот: Бокшиќ бил најдобар стрелец во француското првенство со 23 постигнати гола, придонесувајќи за освојување на првенствената титула, но најголемиот успех бил освојувањето на титулата во Лигата на шампионите победувајќи го Милан со 1-0 во финалето одиграно во Минхен. Одличната сезона му донела сериозна кандидатура за добивање на Златната топка во 1993 година:[15] завршувајќи на крајот како четврти, само зад Роберто Баџо, Денис Бергкамп и Ерик Кантона.[16]

Во сезоната 1993-1994, тој одиграл уште 12 натпревари во лигата за Марсеј до ноември 1993 година, кога го напуштил клубот. Неговото заминување било во пресрет на еден од најголемите клупски скандали во историјата на фудбалот. Во 1994 година, поради финансиски нерегуларности и скандал со наместен натпревар во кој бил вклучен тогашниот претседател на Олимпик Марсеј, Бернар Тапије, клубот бил административно исфрлен во втората лига на Франција и му била одземена титулата во француското првенство за сезоната 1992-1993.

Лацио

Во декември 1993, Бокшиќ потпишал за италијанскиот Лацио, во трансфер вреден 15 милјарди италијански лири. Своето деби во Серија А го имал против Наполи на 7 ноември. Во неговата прва полусезона со Лацио, Бокшиќ одиграл 21 натпревар и постигнал 4 гола, помагајќи му на Лацио да заврши на четвртото место во лигата.

Во сезоната 1994-1995, под водството на тренерот Зденек Земан, Бокшиќ одиграл важна улога во остварувањето на најдобриот клупски резултат на лацијалите во Серија А уште од 1974 година. Тие завршиле на второто место зад Јувентус, а Бокшиќ постигнал 9 гола во текот на оваа сезона и бил дел од напаѓачкото трио кое го сочинувале тој, Џузепе Сињори и Пјерлујџи Казираги; сите заедно тие постигнале 38 гола во Серија А.

И покрај тоа што оставил добар впечаток, Бокшиќ во својте први три години во Италија во дресот на Лацио не го потврдил чувството за гол кое го покажал во Франција, постигнувајќи многу помалку голови - само 19 за три години.

Јувентус

Во 1996 тој преминал во Јувентус за 14 милијарди лири. Под водството на Марчело Липи, Бокшиќ успеал да освои три титули со бјанконерите во сезоната 1996-1997: Интерконтиненталниот куп, Суперкупот на УЕФА и првото скудето. Клубот, исто така, стигнал и до финалето на Лигата на шампионите, што било второ за Бокшиќ во кариерата, но таму загубиле од Борусија Дортмунд; тој го започнал натпреварот како партнер во нападот на Кристијан Виери и играл до 88-мата минута, а исто така забележал и асистенција за единствениот гол на Јувентус во финалето кој го постигнал Алесандро Дел Пјеро. Бокшиќ постигнал 3 гола на патот до титулата во Серија А, од кој најважен бил оној за минимална победа (0-1) на гостувањето кај Болоња во 28-мото коло од првенството.[17] Вкупно хрватот постигнал 7 гола во дресот на Јувентус, и не успеал да ја импресионира околината на клубот, меѓудругото и поради бројните здравствени и физички проблеми.

Враќање во Лацио

Во 1997 година, Бокшиќ се вратил во Лацио, кој сега бил со нов тренер Свен-Јоран Ериксон, во трансфер вреден 25 милјарди лири.[18] Во првата година по враќањето во Рим, тој постигнал 10 голови во Серија А што бил негов рекорд во Италија, но на крајот на сезоната тој претрпел сериозна повреда на коленото, која го принудила да го прескокне и Светското првенство 1998 со својата репрезентација.[18] Иако сезоната 1997-1998, завршила триумфално за Лацио со освојувањето на Купот на Италија, Бокшиќ поради споменатата повреда не бил во можност да игра во финалните натпревари, но со 5 гола бил најдобар стрелец на клубот на патот до титулата.

Во сезоната 1998-1999, Лацио завршил на второто место во лигата и ги освоил Суперкупот на Италија и Купот на победниците на куповите. Сепак, поради физички проблеми, тој бил отсутен во поголемиот дел од првенството, забележувајќи само 6 настапи и 1 гол за целата сезона.[19] Следната сезона Бокшиќ постигнал 4 гола на 19 натпревари во Серија А, помагајќи му на Лацио да го освои своето второ скудето во клупската историја.

Во вториот тригодишен престој во Лацио, тој постигнал вкупно 24 гола, пет повеќе отколку во периодот 1993-1996.

Мидлсбро

По седум години во Италија, во 2000 година, Бокшиќ потпишал за англискиот Мидлсбро за сума од 2.500.000 фунти. По доаѓањето во Премиер лигата, според некој медиуми тој станал најплатениот играч во англискиот фудбал заработувајќи 63.000 фунти неделно.[20] Тој одиграл три сезони во дресот на Мидлсбро, во кој на 68 натпревари во Премиер лигата постигнал 22 гола.

Својата кариера ја завршил во 2003 година, со вкупно 433 одиграни натпревари и 134 постигнати голови.

Репрезентативна кариера

Пред хрватската независност тој бил југословенски државјанин и неколкупати бил повикуван во репрезентацијата на Југославија, а меѓу останато тој се нашол во составот на селекторот Ивица Осим за Светското првенство 1990. Сепак, и покрај добиените повици тој никогаш не заиграл за Југославија, првенствено затоа што бил многу млад и селекторот повеќе им верувал на поискусните напаѓачи како Златко Вујовиќ и Дарко Панчев, но има настапи за репрезентацијата под 21 година.

Со Хрватска тој учествувал на Европското првенство 1996 и Светското првенство 2002; тој бил принуден да го пропушти Светското првенство 1998, на кое хрватите го освоиле третото место, поради повреда со која се здобил непосредно пред почетокот на турнирот.[18] Вкупно за Хрватска, Бокшиќ одиграл 40 натпревари и постигнал 10 гола.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Хрватска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-6-1993 Загреб Хрватска Хрватска 3 – 1 Украина Украина Пријателска - заменет 59'
23-3-1994 Валенсија Шпанија Шпанија 0 – 2 Хрватска Хрватска Пријателска -
18-5-1994 Ѓер Унгарија Унгарија 2 – 2 Хрватска Хрватска Пријателска -
4-9-1994 Талин Естонија Естонија 0 – 2 Хрватска Хрватска Квал. за Евро 1996 -
9-10-1994 Загреб Хрватска Хрватска 1 – 0 Литванија Литванија Квал. за Евро 1996 -
25-3-1995 Загреб Хрватска Хрватска 4 – 0 Украина Украина Квал. за Евро 1996 - заменет 75'
29-3-1995 Вилниус Литванија Литванија 0 – 0 Хрватска Хрватска Квал. за Евро 1996 -
26-4-1995 Загреб Хрватска Хрватска 2 – 0 Словенија Словенија Квал. за Евро 1996 -
11-6-1995 Киев Украина Украина 1 – 0 Хрватска Хрватска Квал. за Евро 1996 -
3-9-1995 Загреб Хрватска Хрватска 7 – 1 Естонија Естонија Квал. за Евро 1996 1
8-10-1995 Сплит Хрватска Хрватска 1 – 1 Италија Италија Квал. за Евро 1996 -
24-4-1996 Лондон Англија Англија 0 – 0 Хрватска Хрватска Пријателска - заменет 71'
2-6-1996 Даблин Ирска Ирска 2 – 2 Хрватска Хрватска Пријателска -
11-6-1996 Нотингем Турција Турција 0 – 1 Хрватска Хрватска Евро 1996 - Прва фаза - заменет 73'
8-10-1996 Болоња Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 1 – 4 Хрватска Хрватска Квал. за СП 1998 2
10-11-1996 Загреб Хрватска Хрватска 1 – 1 Грција Грција Квал. за СП 1998 -
29-3-1997 Сплит Хрватска Хрватска 1 – 1 Данска Данска Квал. за СП 1998 - заменет 75'
2-4-1997 Сплит Хрватска Хрватска 3 – 3 Словенија Словенија Квал. за СП 1998 -
30-4-1997 Солун Грција Грција 0 – 1 Хрватска Хрватска Квал. за СП 1998 - заменет 67'
6-9-1997 Загреб Хрватска Хрватска 3 – 2 Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Квал. за СП 1998 - заменет 46'
10-9-1997 Копенхаген Данска Данска 3 – 1 Хрватска Хрватска Квал. за СП 1998 -
11-10-1997 Љубљана Словенија Словенија 1 – 3 Хрватска Хрватска Квал. за СП 1998 1 заменет 87'
15-11-1997 Киев Украина Украина 1 – 1 Хрватска Хрватска Квал. за СП 1998 1 заменет 86'
22-4-1998 Осиек Хрватска Хрватска 4 – 1 Полска Полска Пријателска 1 заменет 68'
28-4-1999 Загреб Хрватска Хрватска 0 – 0 Италија Италија Пријателска - заменет 46'
5-6-1999 Скопје Македонија Македонија 1 – 1 Хрватска Хрватска Квал. за Евро 2000 - заменет 19'
21-8-1999 Загреб Хрватска Хрватска 2 – 1 Малта Малта Квал. за Евро 2000 - влегол во игра 46'
9-10-1999 Загреб Хрватска Хрватска 2 – 2 СР Југославија СР Југославија Квал. за Евро 2000 1 заменет 77'
13-11-1999 Сен Дени Франција Франција 3 – 0 Хрватска Хрватска Пријателска -
29-3-2000 Загреб Хрватска Хрватска 1 – 1 Германија Германија Пријателска -
26-4-2000 Виена Австрија Австрија 1 – 2 Хрватска Хрватска Пријателска 1 добил жолт картон во 40-тата минута 40'
28-5-2000 Загреб Хрватска Хрватска 0 – 2 Франција Франција Пријателска - заменет 46'
11-10-2000 Загреб Хрватска Хрватска 1 – 1 Шкотска Шкотска Квал. за СП 2002 1 заменет 76'
15-8-2001 Даблин Ирска Ирска 2 – 2 Хрватска Хрватска Пријателска - заменет 72'
6-10-2001 Загреб Хрватска Хрватска 1 – 0 Белгија Белгија Квал. за СП 2002 1
27-3-2002 Загреб Хрватска Хрватска 0 – 0 Словенија Словенија Пријателска - заменет 46'
3-6-2002 Нигата Хрватска Хрватска 0 – 1 Мексико Мексико СП 2002 - Прва фаза - заменет 67'
8-6-2002 Кашима Италија Италија 1 – 2 Хрватска Хрватска СП 2002 - Прва фаза -
13-6-2002 Јокохама Еквадор Еквадор 1 – 0 Хрватска Хрватска СП 2002 - Прва фаза -
12-10-2002 Софија Бугарија Бугарија 2 – 0 Хрватска Хрватска Квал. за Евро 2004 - заменет 70'
Вкупно Настапи 40 Голови 10

Статистика

Клупска статистика

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1986-1987 Југославија Хајдук Сплит ПЛЈ 1 0 КЈ 0 0 КУ 0 0 - - - 1 0
1987-1988 ПЛЈ 13 2 КЈ 0 0 КПК 0 0 - - - 13 2
1988-1989 ПЛЈ 26 7 КЈ 1 0 - - - - - - 27 7
1989-1990 ПЛЈ 27 12 КЈ 7 1 - - - - - - 34 13
1990-1991 ПЛЈ 29 6 КЈ 7 2 - - - - - - 36 8
Вкупно Хајдук Сплит 96 27 15 3 - - - - 111 30
1991-1992 Франција Кан Д1 1 0 КФ 0 0 - - - - - - 1 0
1992-1993 Франција Олимпик Марсеј Д1 37 23 КФ 1 0 ЛШ 8 6 - - - 46 29
јул.-ное. 1993 Д1 12 3 КФ 0 0 - - - - - - 12 3
Вкупно Марсеј 49 26 1 0 8 6 - - 58 32
ное. 1993-1994 Италија Лацио А 21 4 КИ 0 0 КУ 0 0 - - - 21 4
1994-1995 А 23 9 КИ 4 0 КУ 6 2 - - - 33 11
1995-1996 А 23 4 КИ 1 0 КУ 2 0 - - - 26 4
1996-1997 Италија Јувентус А 22 3 КИ 2 0 ЛШ 8 4 СУ+ИнтК 0+1 0+0 33 7
1997-1998 Италија Лацио А 26 10 КИ 6 5 КУ 6 0 - - - 38 15
1998-1999 А 3 0 КИ 0 0 КПК 3 1 СИ 0 0 6 1
1999-2000 А 19 4 КИ 4 3 ЛШ 10 1 СУ 0 0 33 8
Вкупно Лацио 115 31 15 8 27 4 - - 157 43
2000-2001 Англија Мидлсбро ПЛ 28 12 ФАКуп+ЛК 3+0 0+0 - - - - - - 31 12
2001-2002 ПЛ 22 8 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 23 8
2002-2003 ПЛ 18 2 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 19 2
Вкупно 68 22 5 0 - - - - 73 22
Вкупно во кариера 351 109 38 11 43 14 1 0 433 134

Репрезентативна статистика

Фудбалска репрезентација на Хрватска
Год. Наст Гол
1993 1 0
1994 4 0
1995 6 2
1996 5 2
1997 7 2
1998 1 1
1999 5 1
2000 4 1
2001 2 1
2002 5 0
Вкупно 40 10

Титули

Клупски

Југославија Хајдук Сплит

1990-1991

Франција Марсеј

1992-1993

Италија Јувентус

1996-1997
1996
1996

Италија Лацио

1999–2000
1997–1998, 1999–2000
1999
1998–1999

Поединечни

1992-1993 (23 гола)
1993
1993
2000-2001

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Deset najboljih nogometaša u samostalnoj Hrvatskoj“. Sportnet.hr. Архивирано од изворникот на 2016-07-01. Посетено на 26 February 2013.
  2. 2,0 2,1 Stefano Bedeschi (21 January 2014). „Gli eroi in bianconero: Alen BOKSIC“ (италијански). Tutto Juve. Посетено на 3 June 2016.
  3. „Top 50 Foreign Soccer Players in Italy“. Football Italia. Посетено на 26 February 2013.
  4. Stefano Chioffi (12 октомври 2009). „Mandzukic, il "nuovo Boksic" della Dinamo Zagabria“ (италијански). Il Corriere dello Sport. Архивирано од изворникот на 27 март 2017. Посетено на 15 март 2017.
  5. CLAUDIO GIACCHINO (19 October 2010). „INTER È IN ARRIVO LA SUPERSFIDA“. La Stampa (италијански). стр. 31. Архивирано од изворникот на 2017-08-01. Посетено на 15 March 2017.
  6. „Boksic miglior laziale, poi Marchegiani Galli, Fusi, Sordo che robusta diga“. La Stampa (италијански). 22 November 1993. стр. 5. Архивирано од изворникот на 2017-08-30. Посетено на 15 March 2017.
  7. Chris Flanagan (11 January 2018). „Serie A in the '90s: when Baggio, Batistuta and Italian football ruled the world“. FourFourTwo. Посетено на 13 January 2018.
  8. „METAMORFOSI BOKSIC ' QUI MI ALLENO AL GOL' (италијански). La Repubblica. 13 September 1996. Посетено на 14 January 2018.
  9. „BOKSIC, VELENO PER ZEMAN“ (италијански). La Repubblica. 11 June 1996. Посетено на 14 January 2017.
  10. Corrado Sannucci (9 April 1999). „Gol, l' aspettavo da un anno“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 14 January 2018.
  11. Claudio Giacchino (19 October 1996). „Pagliuca: l'incubo è Boksic“ (италијански). La Stampa. стр. 31.
  12. Fabio Vergnano (3 September 1996). „Boksic: non ho l'incubo-gol“ (италијански). La Stampa. стр. 28.
  13. Marco Ansaldo (21 April 1997). „Juve, è Boksic l'arma in più“ (италијански). La Stampa. стр. 26.
  14. Cancian, Dan (13 March 2019). „Alen Bokšić: the brilliant prototype built to play in another decade“. thesefootballtimes.co. Посетено на 30 January 2020.
  15. „Un gran corteo dietro a Re Baggio“. La Stampa. 22 декември 1993. стр. 29.
  16. Marco Ansaldo (27 декември 1993). „È Baggio la stella d'Europa“. La Stampa. стр. 1, sez. lunedìsport.
  17. Franco Badolato (10 мај 1997). „Boksic: Juve, ti lancio nello sprint decisivo“. La Stampa. стр. 36.
  18. 18,0 18,1 18,2 Piero Serantoni (28 декември 1998). „Boksic, una stella a valore zero“. La Stampa. стр. 29.
  19. Corrado Sannucci (9 април 1999). „Gol, l'aspettavo da un anno“. la Repubblica. стр. 7.
  20. „Alen Boksic“ (англиски). Forbes. 10 април 2001. Посетено на 23 мај 2020.

Надворешни врски

Read other articles:

Graphical front-end for MPlayer and mpv SMPlayerSMPlayer Version 19.5 with dark skin Playing a Video of 0 A.D. in GNOME ShellDeveloper(s)Ricardo Villalba[1]Initial releaseDecember 11, 2006; 16 years ago (2006-12-11)Stable release23.6.0[2]  / 30 June 2023; 4 months ago (30 June 2023) Repositorygithub.com/smplayer-dev/smplayer Written inC++ (Qt)[3]Operating systemUnix-like, Windows XP and laterAvailable inMultilingualTypeMedia playerLi...

 

 

Mountain in Montérégie, Quebec, Canada Mont Saint-BrunoHighest pointElevation218 m (715 ft)[1]Prominence170 m (560 ft) Coordinates45°33′18″N 73°18′36″W / 45.555094°N 73.309944°W / 45.555094; -73.309944 (Mont Saint-Bruno)[2]GeographyMont Saint-BrunoSaint-Bruno-de-Montarville, Montreal, Quebec, Canada Parent rangeMonteregian HillsTopo mapNTS 31H11 Beloeil[2]GeologyAge of rockEarly CretaceousMount...

 

 

هذه مقالة غير مراجعة. ينبغي أن يزال هذا القالب بعد أن يراجعها محرر مغاير للذي أنشأها؛ إذا لزم الأمر فيجب أن توسم المقالة بقوالب الصيانة المناسبة. يمكن أيضاً تقديم طلب لمراجعة المقالة في الصفحة المخصصة لذلك. (سبتمبر 2020) هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. ف...

American college football season 1990 Penn State Nittany Lions footballEastern championBlockbuster Bowl, L 17–24 vs. Florida StateConferenceIndependentRankingCoachesNo. 10APNo. 11Record9–3Head coachJoe Paterno (25th season)Offensive coordinatorFran GanterDefensive coordinatorJerry SanduskyHome stadiumBeaver Stadium(Capacity: 83,370)Seasons← 19891991 → 1990 NCAA Division I-A independents football records vte Conf Overall Team W   L &...

 

 

بلاكيسلي     الإحداثيات 41°31′25″N 84°43′48″W / 41.5236°N 84.73°W / 41.5236; -84.73  تقسيم إداري  البلد الولايات المتحدة[1]  التقسيم الأعلى مقاطعة وليامز، أوهايو  خصائص جغرافية  المساحة 0.278656 كيلومتر مربع0.278655 كيلومتر مربع (1 أبريل 2010)  ارتفاع 263 متر  عدد ال...

 

 

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Februari 2023. Kenong, salah satu komponen tambahan dalam permainan Gamelan cokek Gamelan cokek adalah sebuah orkes kecil khas daerah ibu kota, Jakarta.[1] Musik gamelan ini sudah mulai berkembang saat Jakarta masih menyandang nama Batavia atau Betawi (menur...

حزب تونس الخضراء البلد تونس  التأسيس تاريخ التأسيس 2004 الشخصيات القادة عبد القادر الزيتوني (منسق عام) المقر الرئيسي تونس العاصمة  الأفكار الأيديولوجيا خضر المشاركة في الحكم عدد النواب المشاركة في الحكومة لا معلومات أخرى الموقع الرسمي http://www.partitunisieverte.org/ تعديل مصدري - ت...

 

 

American actor Rex PartingtonRex Partington (1953 publicity photo)BornMarch 15, 1924New Jersey, United StatesOccupation(s)Actor, Director, ProducerSpouseCleo Holladay Rex Partington (March 15, 1924 - March 17, 2006) was an actor, director and producer. Partington worked in the professional theater in the United States for over fifty years as an actor, production stage manager, director, producer, artistic director and producing director and was active on Broadway as well as professional regio...

 

 

For other uses, see Sahtu (disambiguation). Administrative region in Northwest Territories, CanadaSahtu RegionAdministrative regionNorman Range and Kelly LakeNorman WellsFort Good HopeTulitaDelineColville LakeLocation within the Northwest TerritoriesCountryCanadaTerritoryNorthwest TerritoriesTerritorial ridingSahtuSettlement areaSahtuRegional office[1]Norman WellsPopulation (2016) • Total2,554Time zoneUTC−07:00 (MST) • Summer (DST)UTC−06:00 (DST) The S...

This article is about the New York City merchant. For the manufacturer of railroad wheels, railroad engineer and Erie Canal commissioner, see Asa Whitney (canal commissioner). Asa WhitneyBornMarch 14, 1797Groton, Connecticut, U.S.DiedSeptember 7, 1872Washington, D.C., U.S.Resting placeRock Creek Cemetery, Washington, D.C., U.S.OccupationBusinessmanSpouses Herminie Antoinette Pillet ​ ​(m. 1832; died 1833)​ Sarah Jay Munro ​(died...

 

 

City in Riverside County, California, United States This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Moreno Valley, California – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (November 2023) (Learn how and when to remove this template message) City in California, United StatesMoreno Valley, California...

 

 

The Four-Story Mistake First edition cover with Enright artworkAuthorElizabeth EnrightIllustratorEnrightCountryUnited StatesGenreRealistic children's fictionPublisherFarrar & RinehartPublication date1942Media typePrint (hardcover)Pages177 pp.[1]OCLC2023039LC ClassPZ7.E724 Fo[1]Preceded byThe Saturdays Followed byThen There Were Five  The Four-Story Mistake is a children's novel written and illustrated by Elizabeth Enright, published by Farrar ...

2012 novel by Michael Chabon Telegraph Avenue First edition coverAuthorMichael ChabonCountryUnited StatesLanguageEnglishGenreLiterary fictionPublisherHarperCollinsPublication dateSeptember 11, 2012Media typePrint (Hardcover)Pages465ISBN978-0061493348 Telegraph Avenue is a novel by Michael Chabon, published on September 11, 2012. An extensive excerpt from the enhanced e-book edition was released online on July 25, 2012.[1] The novel's setting is North Oakland and Berkeley, Califor...

 

 

Nav discographyNav in 2018Studio albums4Music videos27EPs1Singles27Mixtapes2Music videos22Collaborative mixtapes1 The discography of Canadian rapper and record producer Nav consists of four studio albums, one reissued album, three mixtapes, and 27 singles (including 13 as a featured artist). On February 24, 2017, Nav released his self-titled debut commercial mixtape. The mixtape reached number four on the Canadian Albums Chart and number 24 on the US Billboard 200. It produced the Canadian to...

 

 

Total personal income minus current income taxes Disposable income redirects here. For the album by Snuff, see Disposable Income (album). Median American household disposable income Not including Sales tax or property tax Denmark disposable income after tax Not including Value-added tax or Property tax Germany disposable income after taxes Not including Value-added tax or Property tax Disposable income is total personal income minus current income taxes.[1] In national accounts defini...

United States career military officer, Union Army general (1834–1889) This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Marcus Reno – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (October 2010) (Learn how and when to remove this template message) Marcus Albert RenoMarcus A. RenoBorn(1834-11-15)November 15, 18...

 

 

1981 single by ChilliwackMy Girl (Gone, Gone, Gone)Single by Chilliwackfrom the album Wanna Be a Star B-sideSign HereReleasedSeptember 1981GenreRockLabelMillennium RecordsSongwriter(s)Brian MacLeod, Bill HendersonProducer(s)Brian MacLeod, Bill HendersonChilliwack singles chronology Secrets (1978) My Girl (Gone, Gone, Gone) (1981) I Believe (1982) My Girl (Gone, Gone, Gone) is a song that was performed by the Canadian group Chilliwack. Co-written by bandmembers Brian MacLeod and Bill Henderson...

 

 

All YoursSampul versi digital dan YOUAlbum studio karya AstroDirilis05 April 2021 (2021-04-05)Direkam2021GenreK-popDurasi33:59Label Fantagio Kakao M Kronologi Astro Gateway(2020) All Yours(2021) Switch On(2021) Singel dalam album All Yours OneDirilis: 5 April 2021 All Yours adalah album studio berbahasa Korea kedua dari grup vokal pria asal Korea Selatan Astro. Album ini dirilis pada tanggal 5 April 2021, melalui Fantagio Music.[1] Daftar lagu Daftar lagu All YoursNo.JudulLir...

デビン・ヘスター リターナー(Long snapper)は、アメリカンフットボールのスペシャルチームでパントやキックオフのリターン行うスペシャリスト。リターナーだけを専門に行う選手は少なく、ほとんどの選手は走力が求められるワイドレシーバー、ディフェンシブバック、ランニングバックなどの別のポジションでもプレーする。 キックオフ・リターナー キックオフ...

 

 

У Вікіпедії є статті про інші значення цього терміна: Капітель (значення). Капіте́ль (лат. capitellum — «головка») — верхня частина колони, що бере на себе навантаження від горизонтальних балок перекриття. Типи капітелей З античної архітектури відомі чотири основних тип...

 

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!