ХНК Хајдук Сплит (хрватски: Hrvatski nogometni klub Hajduk Split) e фудбалски клуб од Сплит, Хрватска. Тоа е најпопуларната спортска екипа во Сплит и една од најпопуларните во Хрватска.
Клубот е основан во февруари 1911 во Прага од страна на студенти од Сплит. Во 2011 година Хајдук го одбележил 100-годишното постоење на клубот со голема прослава.
Во својата историја има освоено 17 државни првенства и 14 купови, a најголеми европски успеси му се трите четвртфиналиња во Шампионската лига и по едно полуфинале во УЕФА Купот и Купот на Победниците на Куповите.
Најлут противник на тимот е Динамо Загреб, со кој го игра популарното Вечно дерби. Меѓу другото овие два тима биле шампиони во 19 од вкупно 20-те одиграни првенства на Хрватска (Динамо 13 пати бил првак, Хајдук 6). Својте домашни натпревари Хајдук ги игра на стадионот Пољуд. Традиционално клубот најголема поддршка има во Далмација, но голем број на навивачи има и во останатите делови на Хрватска и во странство. Најголемата навивачка група, основана 1950 година, го носи името Торцида.
Титули
Првак на Југославија (7) : 1950., 1952., 1954/55., 1970/71., 1973/74., 1974/75., 1978/79.
Првак на Хрватска (6) : 1992., 1993./94., 1994./95., 2000./01., 2003./04. и 2004./05.
Хрватски Фудбалски Куп (8) : 1992./93., 1994./95., 1999./00., 2002./03., 2009./10., 2012./13., 2021./22., 2022./23.
Хрватски Фудбалски Суперкуп (6) : 1992., 1992/93., 1993/94., 1994/95., 2003/04., 2004/05.
Надворешни врски