Ѕвезда од главната низа од типот F (F V) — — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектралниот тип F и сјајносната класа V. Имаат од маса од 1,0 до 1,4 поголема од Сончевата и површинска температура од 6.000 до 7.600 K.[2]Табели VII and VIII. Овој температурен опсег им дава белузлава нијанса на ѕвездите од типот F кога се гледаат по атмосферата. Бидејќи ѕвезда од главната низа се нарекува џуџе, оваа класа може да се нарече и жолтобело џуџе (сосем различно од белите џуџиња, кои се остаток од ѕвезда). Значајни примери се Прокион A, Гама Девица A и B[3] и KIC 8462852.[4]
Системот на преработениот Јерксов атлас (Џонсон и Морган 1953) наведува дуста решетка од стандардни ѕвезди за џуџиња од типот F; меѓутоа, не сите опстанале до денес како стандарди.[7]
Стожерите на класификацијата на MK-системот меѓу ѕвездите од главната низа од типот F (оние непроменети низ годиние кои го определуваат системот) се 78 Голема Мечка (F2 V) и Пи3 Орион (F6 V).[8] Покрај овие два стандардна, Морган и КИнан (1973) ги вклучиле и овие стандардни ѕвезди: HR 1279 (F3 V), HD 27524 (F5 V), HD 27808 (F8 V), HD 27383 (F9 V) и Бета Девица (F9 V).[9]
Други важни стандардни ѕвезди од MK-системот се HD 23585 (F0 V), HD 26015 (F3 V) и HD 27534 (F5 V).[10] Двата члена од Хијадитесо речиси истоветни HD-ознаки (HD 27524 and HD 27534) се сметаат за силни стандарди за F5 V, и имаат речиси иста боја и величина.
Греј и Герисон (1989) даваат современа табела на стандардни џуџиња за поврелите ѕвезди од типот F. F1 и F7 ретко се наведуваат, но малку се имаат изменето со текот на годините во очите на стручњаците.[11] Често користени стандардни ѕвезди од оваа класа се 37 Голема Мечка (F1 V) и Јота Риби (F7 V). Засега не се објавени стандардни ѕвезди за F4 V.
F9 V ја одредува границата помеѓу врелите ѕвезди класификувани од Морган и поладните ѕвезди класификувани од Кинан за еден степен подолу, и постојат несогласувања во литературата за тоа кои ѕвезди ја определуваат границата F/G. Морган и Кинан (1973)[9] ги навеле Бета Девица и HD 27383 како стандарди за F9 V, но Кинан и Мекнил (1989) ја навеле HD 10647 како нивен стандард.[12]
Ѕвездите од типот F имаат животен циклус сличен на ѕвездите од типот G. Тие соединуваат вородор и со време растат, претворајќи се во црвен џин кој соединува хелиум наместо водород кога хелиумот ќе се потроши. Откако ќе снема хелиум, тие почнуваат да соединуваат јаглерод. Кога ќе се потроши и јаглеродот, ѕвездите се ослободуваат од надворешните слоеви, создавајќи планетарна маглина, и во средиштето на маглината оставаат врело бело џуџе. Овие ѕвезди остануваат стабилни ~2-4 милијарди години. За споредба, ѕвездите од типот G (какво што е Сонцето) остануваат стабилни ~10 милијарди години.[13]
Некои од најблиските ѕвезди од типот F за кои се знае дека имаат планети се Ипсилон Андромеда, Тау Воловар, HD 10647, HD 33564, HD 142, HD 60532 и KOI-3010.
Според некои проучувања возможно е планетите што кружат околу ѕвезди од типот F да имаат живот.[14] Се проценува дека животопогодниот појас на релативно врела F0-ѕвезда би се протегал од 2,0 до 3,7 ае и помеѓу 1,1 и 2,2 ае за релативно ладна F8-ѕвезда.[14] Меѓутоа, споредено со ѕвезда од типот G, главните проблеми на можните суштества во ова сценарио би биле посилната светлина и покусиот животен век на матичната ѕвезда.[14]
Ѕвездите од типот F лачат многу посилни облици на светлинска енергиј како УВ-зрачење, што на подолг рок може да биде погубно по ДНК-молекулите.[14] Доколку планетата е оддалечена од ѕвездата колку што е Земјата is од Сонцето и има слична амотсфера, суштествата на површината би биле изложени на 2,5 до 7,1 пати повеќе штетна УВ-светлина.[15] Затоа, за суштествата да опстанат, хипотетичката планета би морала да има доволна атмосферска заштита како погуста озонска обвивка во горната атмосфера.[14] Без силна озонска обвивка, суштенствата веројатно би можеле да живеат само во подводни или подземни средини, или пак ако имаат некаква телесна покривка (на пр. оклоп).[14][16]