Ѕвезда од главната низа од типот A (A V) — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектрален тип A и сјајносна класа V (пет). Овие ѕвезди имаат спектри кои се одликуваат со силни водородни впивни линии.[1] Имаат од 1,4 до 2,1 Сончеви маси (M☉) и површинска температура помеѓу 7.600 и 10.000 K, што значи дека живеат од 4,3 до 1,6 милијарди години. Светли и блиски примери се Алтаир (A7), Сириус A (A1) и Вега (A0). Ѕвездите од типот A немаат струевит слој и затоа не се смета дека имаат магнетни динама. Како последица од ова, во отсуство на силни ѕвездени ветришта, тие немаат маса за да создаваат рендгенско зрачење.
Преработениот систем на Јеркисовиот атлас[7] дава густа решетка од стандардни ѕвезди за спектрите на џуџињата од типот A, но не сите од нив опстојале до денес како стандарди. Стандардните ѕвезди во MK-системот меѓу џуџињата од главната низа од типот A (т.е. оние непроменети со текот на времето кои го дефинираат системот) се Вега (A0 V), Фекда (A0 V) и Фомалхаут (A3 V).[8][9] Епохалната преработка на MK-класификацијата од Морган и Кинан (1973)[9] не дава стандарди меѓу типовите A3 V и F2 V. HD 23886 е предложена како стандард за A5 V во 1978 г.[10]
Ричард Греј и Роберт Гарисон ја имаат заслугата за последните придоенси кон класификацијата, објавени во два труда од 1987[11] и 1989 г.[12] Тие наведуваат разни спектрални стандарди за бавно- и брзовртечки џуџиња од типот A, како што се HD 45320 (A1 V), HD 88955 (A2 V), 2 Мала Водна Змија (A7 V), 21 Мал Лав (A7 V) и 44 Кит (A9 V). Понекогаш ѕвездата Зосма (A4 V) се среќава како стандард. Нема објавени стандардни ѕвезди за A6 V и A8 V.
Ѕвездите од типот A се млади (стари неколку стотини милиони години) и многу од нив лачат инфрацрвено зрачење повеќе од очекуваното. Овој инфрацрвен вишок се должи на прашината која ја исфрла остаточен диск кога се образуваат планети.[13] Прегледите укажуваат дека околу ѕвездите од типот A често се создаваат планети, иако тие тешко се пронаоѓаат со методот на Доплерова спектроскопија. Ова е бидејќи ѕвездите се вртат многу бргу, што го спречува мерењето на малите Доплерови поместувања предизвикани од планети во орбита бидејќи спектралните линии се многу широки.[14] Меѓутоа, овој тип на масивна ѕвезда со време се развива во поладен црвен џин кој се врти побавно и може да се мери по методот на радијална брзина.[14] До почетокот на 2011 г. пронајдени се околу 30 планети од јупитеровата класа сместени околу развиени K-џинови, меѓу кои се Полукс, Ерај и Едасих. Доплеровите прегледи на најразлични ѕвезди покажуваат дека 1 од 6 ѕвезди со двојно поголема маса од Сонцето имаат една или повеќе планети со големина на Јупитер, споредено со 1 од 16 за ѕвезди слични на Сонцето. [15]
Ѕвездени системит од типот A за кои се знае дека имаат планети се HD 15082, Бета Сликар, HR 8799 и Ајол.[16]
На далечина до 40 светлосни години:
Денеб Алгеди веројатно е подџин или џиновска ѕвезда, а Алтаир е спорен подџин. Покрај тоа, Сириус е најсветлата ѕвезда на ноќното небо.