3 ноември
3 ноември — 307-иот ден во годината според грегоријанскиот календар
(308-и во престапна година). Остануваат 58 денови до крајот на годината.
Настани:
1903
|
Со поддршка на САД, Панама прогласила независност од Колумбија. Претседателот на САД, Теодор Рузвелт не сакал да ѝ плати на Колумбија колку што барала за САД да изградат канал помеѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Следната година, во договор со новата влада на Панама, САД ја започнале изградбата на Панамскиот Канал.
|
1906
|
Германскиот психијатар Алојз Алцхајмер го објавил извештајот за болеста која подоцна била наречена по него.
|
1918
|
Во Падова, Италија, Австроунгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австроунгарија.
|
1944
|
На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донел решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
|
1944
|
Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
|
1951
|
Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 година, Отсекот за правни науки се одвоил како посебна високообразовна институција.
|
1965
|
Излегол првиот број на весникот на Општина Прилеп „Народен глас“.
|
1970
|
Салвадор Аљенде ја презел должноста претседател на Чиле, како прв марксист во западната полутопка, избран на слободни избори.
|
1992
|
Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја известил Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
|
1993
|
Република Македонија добила статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
|
2004
|
Републиканецот Џорџ Буш, по вторпат е избран за претседател на САД. На должноста стапил на 20 јануари 2001 г.
|
Родени:
Починале:
Празници:
|
|