Со оглед на неговата оддалеченост од Земјата и видлива величина, 3C 273 е најоддалеченото небесно тело што просечните аматерски астрономи веројатно ќе го видат преку нивните телескопи.
Квазарот има видлив млаз од големи размери, кој е долг ~200,000 светлосни години (61 килопарсек), со привидна големина од 23″.[4] Верувано е дека таквите млазови се создадени од заемодејствијата на средишната црна дупка и насобирачкиот диск. Во 1995 година, оптичкото снимање на млазот со помош на вселенскиот телескоп „Хабл“, открило структурирана морфологија докажана со повторени светли јазли испреплетени од области со слаба емисија.[4] Аголот на гледање на млазот е околу 6° како што е гледан од Земјата. Било забележано дека млазот нагло ја менува насоката со внатрешен агол од 2° во 2003 година, што е поголем од внатрешниот агол на отворање на млазот од 1,1°.[16] Проширен надворешен слој од загреан гас е создаван од млазот, кој може да влијае на навалениот диск со гас во средишните околу 6 килопарсеци.[14]
Пред откривањето на 3C 273, неколку други радиоизвори биле поврзувани со оптички сродници, првиот бил 3C 48. Исто така, многу активни галаксии биле погрешно идентификувани како променливи ѕвезди, вклучувајќи ги познатите BL Гуштер, W Береникина Коса и AU Ловечки Кучиња. Сепак, не било разбрано што се овие тела, бидејќи нивните спектри не биле слични на оние на која било позната ѕвезда. Неговиот спектар не наликувал на ниту една нормална ѕвезда со вообичаени ѕвездени елементи. 3C 273 било првото тело кое било идентификувано како квазар — крајно прозрачно тело на астрономско растојание.
3C 273 е радиогласен квазар, а исто така бил еден од првите вонгалактички извори на рендгенски зраци откриени во 1970 година. Сепак, дури и до ден-денес, постапката што доведува до емисии на рендгенски зраци е контроверзен.[4]
↑„3C 273“. XJET: X-Ray Emission from Extragalactic Radio Jets. 2008-01-11. Посетено на 22 септември 2024.
↑ 4,04,14,24,34,44,5Uchiyama, Yasunobu; Urry, C. Megan; Cheung, C. C.; Jester, Sebastian; Van Duyne, Jeffrey; Coppi, Paolo; и др. (2006). „Shedding New Light on the 3C 273 Jet with the Spitzer Space Telescope“. The Astrophysical Journal. 648 (2): 910–921. arXiv:astro-ph/0605530. Bibcode:2006ApJ...648..910U. doi:10.1086/505964.
↑Pearson, T. J.; Unwin, S. C.; Cohen, M. H.; Linfield, R. P.; Readhead, A. C. S.; Seielstad, G. A.; Simon, R. S.; Walker, R. C. (1981). „Superluminal expansion of quasar 3C273“. Nature. 290 (5805): 365. Bibcode:1981Natur.290..365P. doi:10.1038/290365a0.
↑Davis, R. J.; Unwin, S. C.; Muxlow, T. W. B. (1991). „Large-scale superluminal motion in the quasar 3C273“. Nature. 354 (6352): 374. Bibcode:1991Natur.354..374D. doi:10.1038/354374a0.
↑ 14,014,1Husemann, Bernd; Bennert, Vardha N.; Jahnke, Knud; Davis, Timothy A.; Woo, Jong-Hak; Scharwächter, Julia; Schulze, Andreas; Gaspari, Massimo; Zwaan, Martin A. (јули 2019). „Jet-driven Galaxy-scale Gas Outflows in the Hyperluminous Quasar 3C 273“. The Astrophysical Journal. 879 (2): 75. arXiv:1905.10387. Bibcode:2019ApJ...879...75H. doi:10.3847/1538-4357/ab24bc. 75.
↑Lisakov, M. M.; Kravchenko, E. V.; Pushkarev, A. B.; Kovalev, Y. Y.; Savolainen, T. K.; Lister, M. L. (март 2021). „An Oversized Magnetic Sheath Wrapping around the Parsec-scale Jet in 3C 273“. The Astrophysical Journal. 910 (1): 35. arXiv:2102.04563. Bibcode:2021ApJ...910...35L. doi:10.3847/1538-4357/abe1bd. 35.
↑Bahcall, John N.; Kirhakos, Sofia; Saxe, David H.; Schneider, Donald P. (1997). „Hubble Space Telescope Images of a Sample of 20 Nearby Luminous Quasars“. The Astrophysical Journal. 479 (2): 642–658. arXiv:astro-ph/9611163. Bibcode:1997ApJ...479..642B. doi:10.1086/303926.
↑Zhang, Zhi-Xiang; Du, Pu; Smith, Paul S.; Zhao, Yulin; Hu, Chen; Xiao, Ming; Li, Yan-Rong; Huang, Ying-Ke; Wang, Kai (мај 2019). „Kinematics of the Broad-line Region of 3C 273 from a 10 yr Reverberation Mapping Campaign“. The Astrophysical Journal. 876 (1): 49. arXiv:1811.03812. Bibcode:2019ApJ...876...49Z. doi:10.3847/1538-4357/ab1099. 49.
↑Hazard, C.; Mackey, M. B.; Shimmins, A. J. (1963). „Investigation of the Radio Source 3C273 by the method of Lunar Occultations“. Nature. 197 (4872): 1037. Bibcode:1963Natur.197.1037H. doi:10.1038/1971037a0.