Девица — јато галаксии чие средиште е на далечина од 53,8 ± 0,3 мсг (16,5 ± 0,1 мпс)[2]
во соѕвездиетоДевица. Опфаќа околу 1.300 до 2.000 галаксии,[3] и го сочинува јадрото на поголемото суперјато Девица, во чиј состав е Месната Група со нашиот Млечен Пат. Се проценува дека јатото има маса од 1,2×1015M☉ во делот од 8 степени од јатното средиште или пречник од 2,2 мпс.[4]
Посјајните галаксии во јатото се откриени во последните децении на XVIII век и заведени во Месјеовиот каталог како „маглини без ѕвезди“ и се сметале за такви сè до 1920-тите.[5][6]
Јатото се оптега по лак од 8 степени со средиште во соѕвездието Девица. Иако најсјајните објекти се забележливи со скромен инструмент, телескопите со пречник од 15 см доловуваат 160 галаксии при добри услови. Најсјаен објект на јатото Девница е елиптичната галаксијаМесје 49, иако најпознат е елиптичната галаксија Месје 87 во неговото средиште.[7]
Особености
Јатото е прилично разнородна мешавина од спирални и елиптични галаксии.[8] Се смета дека спиралните галаксии во јатото се распоредени во облик на доглнавеста нишка, четирипати подолга отколку што е широка, која се протега долж видното поле од Млечниот Пат.[9] Елиптичните галаксии се збиени понасредина отколку спиралните.[10]
Во Јатото на Девица има барем три одделни грутки: Девица A (околу M87), втора грутка (околу M86) и Девица B, околу M49. Некои го распознаваат и подјато Девица C (околу M60) како и грутка наречена Малобрзински облак (МБО/LVC) околу големата спирална галаксија NGC 4216.[11]
Од нив најголема е грутката Девица A, составена од елиптични, леќести и спирални галаксии сиромашни со гас.[12] Има маса од 1014M☉, што е величински ред повеќе од другите две грутки.[13]
Трите подгрупи се во процес на соединување во едно јато.[13] Овие се опкружени со помали галактички облаци од спирални галаксии, наречени облак N, облак S и Девица E кои тежат да се припојат кон нив.[14] Постојат други поодалечени галаксии и галактички групи (како гал. облак Береникина Коса I) кои исто така се под влијание на јатото и се очекува да се припојат во подалечна иднина.[15] Сето ова покажува дека Девица е динамички младо јато кое сè уште е во фаза на образба.[14]
Соседните собирни целини наречени облаци M, W и W'[11] се позадински системи независни од главното јато.[14]
Големата маса на јатото е утврдена по големите привлечни брзини на неговите галаксии, кои достигнуваат 1.600 км/с во однос на јатното средиште. Како дел од суперјатото Девица, неговата маса ги забавува околните галаксии, како и оддалечувањето на Месната Група за околу десет отсто.
Во табелата се дадени најсјајните или поинаку значајни објекти во јатото Девица, заедно со подгрупата во која се сместени. Треба да се има предвид дека постои несогласување за припадноста на некои галаксии од јатото[11][14][25][26])
↑Mei, Simona; Blakeslee, John P.; Côté, Patrick; Tonry, John L.; West, Michael J.; Ferrarese, Laura; Jordán, Andrés; Peng, Eric W.; Anthony, André; Merritt, Davi (2007). „The ACS Virgo Cluster Survey. XIII. SBF Distance Catalog and the Three-dimensional Structure of the Virgo Cluster“. The Astrophysical Journal. 655 (1): 144–162. arXiv:astro-ph/0702510. Bibcode:2007ApJ...655..144M. doi:10.1086/509598.
↑По записот за M91 во „Познавање на времето“ (Connoissance des Temps) за 1784 г., Месје ја дава следнава белешка:
Соѕвездието Девица, особено северното крило, е меѓу оние со највеќе маглини: овој каталог содржи тринаесет кои се веќе утврдени: погл. бр. 49, 58, 59, 60, 61, 84, 85, 86, 87, 88, 89, 90 и 91. Сите се без ѕвезди: видливи се само при многу добри небесни услови и близу нивниот меридијански премин. Највеќето маглини ми ги укажа г-динот Мешен.
↑Côté, Patrick; Blakeslee, John P.; Ferrarese, Laura; Jordán, Andrés; Mei, Simona; Merritt, David; Milosavljević, Miloš; Peng, Eric W.; Tonry, John L.; и др. (July 2004). „The ACS Virgo Cluster Survey“. The Astrophysical Journal. 153 (1): 223–242. arXiv:astro-ph/0404138. Bibcode:2004ApJS..153..223C. doi:10.1086/421490.
↑M. Fukugita; S. Okamura; N. Yasuda (1993). „Spatial distribution of spiral galaxies in the Virgo Cluster from the Tully-Fisher relation“. Astrophysical Journal. 412: L13–L16. Bibcode:1993ApJ...412L..13F. doi:10.1086/186928.
↑ 11,011,111,2
Boselli, A.; Voyer, E.; Boissier, S.; Cucciati, O.; Consolandi, G.; Cortese, L.; Fumagalli, M.; Gavazzi, G.; Heinis, S.; Roehlly, Y.; Toloba, E. (2014). „The GALEX Ultraviolet Virgo Cluster Survey (GUViCS). IV. The role of the cluster environment on galaxy evolution“. Astronomy & Astrophysics. 570: A69. arXiv:1407.4986. Bibcode:2014A&A...570A..69B. doi:10.1051/0004-6361/201424419. A69.
↑
Chamaraux, P.; Balkowski, C.; Gerard, E. (1980). „The H I deficiency of the Virgo cluster spirals“. Astronomy & Astrophysics. 83 (1–2): 38–51. Bibcode:1980A&A....83...38C.
↑Tully, R. B.; Shaya, E. J. (1984). „Infall of galaxies into the Virgo cluster and some cosmological constraints“. Astrophysical Journal. 281: 31–55. Bibcode:1984ApJ...281...31T. doi:10.1086/162073.
↑Takamiya, Marianne; West, Michael; Côté, Patrick; Jordán, Andrés; Peng, Eric; Ferrarese, Laura (2009). IGCs in the Virgo Cluster. Globular Clusters – Guides to Galaxies, Eso Astrophysics Symposia, Volume. Eso Astrophysics Symposia. стр. 361–365. Bibcode:2009gcgg.book..361T. doi:10.1007/978-3-540-76961-3_83. ISBN978-3-540-76960-6.
↑Durrell, Patrick R.; Accetta, K.; Feldmeier, J. J.; Mihos, J. C.; Ciardullo, R.; Peng, E. W.; Members of the NGVS team (2010). „Searching for Intracluster Globular Clusters in the Virgo Cluster“. Bulletin of the American Astronomical Society. 42: 567. Bibcode:2010AAS...21547814D.
↑Gerhard, Ortwin; Arnaboldi, Magda; Freeman, Kenneth C.; Okamura, Sadanori (2002). „Isolated Star Formation: A Compact H II Region in the Virgo Cluster“. The Astrophysical Journal. 580 (2): L121–L124. arXiv:astro-ph/0211341. Bibcode:2002ApJ...580L.121G. doi:10.1086/345657.
↑Binggeli, Bruno; Sandage, Allan; Tammann, Gustav (1985). „Studies of the Virgo Cluster. II – A Catalog of 2096 Galaxies in the Virgo Cluster Area“. Astronomical Journal. American Astronomical Society. 90: 1681–1759. Bibcode:1985AJ.....90.1681B. doi:10.1086/113874.