Климата на јужната полутопка е нешто потопла од климата на северната (освен Антарктикот кој е постуден од Арктикот). Причина за ова е фактот што оваа полутопка има многу повеќе вода од северната. Јужната полутопка исто така е многу помалку загадена поради помалата густина на населеност (10-12% од светското население), помалку индустријализација и помали копнени пространства. Покрај ова, воздушните струења се движат во правец запад–исток, така што загадувањето потешко патува на север или југ.
На јужната полутопка сонцето минува од исток на запад преку северот. Како што минува сонцето, сенките се движат налево, ураганите и тропските бури се вртат надесно (што е обратно на северната полутопка) поради Кориолисовиот ефект.
Шумите на ова полутопка се одликуваат со посеебни одлики што ги разликуваат од оние на северната. На пример, Чиле и Нов Зеланд имаат уникатни видови на јужни буки (Nothofagus). Евкалиптусот е автохтоно австралиско дрво, но во поново време се одгледува и во јужна Африка и Латинска Америка за добивање целулозна маса и биогорива.