4 јули - Топовите од Лондонска кула, кои сè уште се наоѓаат под контрола на династија Ланкастер, започнуваат да пукаат кон Лондон, кој се наоѓа под управа на династија Јорк. Силите на Ланкастер од Лондонската кула се предаваат на 19 јули[1].
3 август - Додека ја надгледува опсадата на англиските окупатори на замокот Роксбург, кралот Јаков II е убиен, кога еден од неговите топови експлодира.
15 мај - Битка кај Хексхем: Невил победуваат уште една ланкастерска војска, предводена од кралот Хенри VI и (Маргарита Анжујска. Ова го означува крајот на организираниот отпор на Ланкастер во следните неколку години.
23 јуни - Кристијан I Дански и Норвешки, кој исто така служи како крал на Шведска, се прогласува за отфрлен од вториот престол. Неговиот соборен претходник Карл VIII Шведски е повторно избран на престолот на 9 август.
Во Кина, мало востание се случува во внатрешната провинција на Хугуан, за време на династијата Минг; последователен бунт избувнува во Гуангси. Ова го принудува владетелот да испрати дополнителна војска за задушување на бунтот[4][5].
14 октомври - Влашкиот војвода Раду III Убавиот, помлад брат на Влад Цепеш, издава допис од неговата резиденција во Букурешт, најраниот познат документ за споменување на градот со ова име.
Непозната дата
Востание во мароканскиот град Фес доведува до соборување на владетелите на Мараниди и убиство на многу Евреи.
Масовните поплави во централната и јужната Кина ја мотивираат изградбата на стотици нови мостови.
Главниот олтар на црквата Свети Мартин во Колмар е завршен од страна на Каспар Исенман.