Денес, во месноста на некогашното село, долж регионалниот пат 2431 се наоѓаат неколку преостанати објекти.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак.[2] Со оглед на тоа што селото е сместено на јужната падина на планината Плачковица, селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.000 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш.[2]
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Калаузлија, во која покрај селото Чешме Маале, се наоѓале селата Али Лобаси, Држанци, Калаузлија, Каралобаси, Караџалар, Шаинташ и Штурово. Општината Калаузлија постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Али Лобаси, Држанци, Калаузлија, Каралобоси, Караџалар, Штурово и Чешме Маале.
↑Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.