Warner Bros. ги купиле правата за книгата во 1999 година. Продуцијата започнува во 2000, со Колумбус одбран како режисер од кратка список на кандидати да го создаде филмот. Писателката Роулинг инсистирала целата глумечка екипа да се состои од Британци или Ирци за да се зачува културниот идентитет на книгата и филмот. Роулинг исто така го одобрила и сценариото напишано од Стив Кловс. Филмот во главно се снимал во Leavesden Film Studios, како и во историски градби низ државата, и конечно беше излезен во САД и Обединетото Кралство во неомври, 2001. Заедно со во поголем дел позитивната критичка прифатеност, филмот заработи 976 милиони долари и три номинации за Оскар. Филмот исто така е петти филм со најголема зараборувачка на сите времиња. Втората, третата, четвртата, петтата и шестата се сите адаптирани во успешни филмови, со седмиот потврден.
Хари Потер е навидум обично единаесет годишно момче кое живее со своите запоставувачки роднини, Дарслиеви. На неговиот единаесетти роденден, Хари дознава од мистериозен странец, Рубеус Хагрид, дека тој е всушност волшебник, познат помеѓу волшебното општество поради неговото преживување на нападот од страна на мрачниот волшебник Лорд Волдеморт, кога Хари имал само една година. Волдеморт ги убил родителите на Хари, но нападот врз Хари не успеал, оставајќи му на Хари само лузна во облик на молња на неговото чело и оставајќи се себеси безмоќен. Хагрид му открива на Хари дека е повикан да започне со настава во Хогвортс, училиште за магии и волшебништво.
И покрај противењето на неговите тетка и тетин, Хари оди во Хогвортс каде започнува да изучува магии и да запознава нови пријатели, истовремено и непријатели, меѓу учениците и персоналот во Хогвортс. По нападот на Хари, Волдеморт останал во полумртва состојба и целото време го поминал во криење, но сега решава да си ја поврати силата користејќи го каменот на мудроста, кој му овозможува бесмртност на оној што го поседува. Хари и неговите пријатели, Рон Визли и Хермиона Гренџер го откриваат планот и се обидуваат да ја спречат кражбата на каменот, кој се наоѓа скриен во добро чувана одаја во Хогвортс. Тројцата се сомневаат во професорот Снејп, учител кој поради непознати причини го презира Хари. Но, виновникот е всушност плашливиот учител, Квирл, кои дејстува по наредби на Волдеморт. Хари успева да го порази Квирл, и каменот е засекогаш уништен од Албус Дамблдор и Николас Фламел, спречувајќи ја шансата на Волдеморт да си ја поврати моќта.
Роулинг лично инсистирала да глумечката екипа биде исклучиво британска.[3] Сузи Фигс била задолжена за распоредувањето на улогите, работејќи со обајцата Колумбус и Роулинг за време на аудицијата за трите главни улоги Хари, Рон и Хермиона.[4] каде само британските деца биле земани предвид.[5] Главните аудиции биле поделени во три дела, првиот се состоел со читање на една страна од Хари Потер и Каменот на мудроста, потоа ако биле повикани повторно, тие морале да изглумат една сцена од ученичкото пристигнување во Хогвортс, и за крај им биле доделувани неколку страници од сценариото, кои тие ги читале пред Колумбус.[6] На 11 јули 2000 година, Фигс ја напуштила продукцијата, жалејќи се на тоа што Колумбус не сметал ниедно од илјадниците останати деца кои се пријавиле и биле „подостојни“.[7] На 8 август 2000 година, тогаш непознатите Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт биле одбрани од илјада други деца, да ги толкуваат улогите на Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гренџер.[8]
Даниел Редклиф го толкува Хари Потер, дете со лузна во облик на громотевица на челото и со способност да прави необични работи да се случуваат околу него. Тој бил одгледан од тетка му и тетин му уште од една година, поради смрта на неговите родители, кои не ги памети, бидејќи бил многу мал. На неговиот единаесетти роденден Хари открива дека е волшебник и почнува да го посетува Хогвортс училиштето за магии и волшебништво. Колумбус го сакал Редклиф за улогата уште од кога го видел на ВВС за аудицијата на Дејвид Коперфилд, но се дознава дека презаштитничките родители на Даниел не сакале да го пуштат Даниел да ја толкува улогата. Редклиф бил повикан да присуствува на аудицијата во 2000 година, кога Хејмен и Кловс ги запознале неговите родители на продукцијата на Камења во неговите џебови во Лондон. Хејмен и Кловс успешно успеале да ги убедат неговите родители дека нивниот син ќе биде заштитен од „нападите“ на медиумите и жолтиот печат и неговите родители се согласиле тој да го глуми Хари. Роулинг прифатила Даниел да биде Хари, изјавувајќи дека „знаејќи го Колумбус била сигурна дека тој нема да може да најде подобар глумец за Хари дури и да сакал“. На Редклиф му биле платени 1 милион долари, иако тој почувствувал дека сумата и не е „толку важна“. Вилиам Мусли, кој е одбран да го глуми Питер Пенсеви во Хрониките на Нарнија исто така се пријавил да го глуми Хари.
Руперт Гринт го глуми Рон Визли, цервенокосо момче-волшебник, најмладиот син од сиромашно семејство со седум деца (постар само од една сестра), кој развива големо пријателство со Хари. Како тринаесетгодишник, Гринт бил најстариот глумец од триото. Тој мислел дека е идеален за улогата бидејќи имал црвеникаста ѓумбур коса и бил голем обожавател на книгите. Кога видел реклама на една детска емисија дека има отворено бирање на улогата за Рон тој снимил кратко видео со како тој ги моли да го примат и дека не може да опише колку сака да го глуми Рон. Неговиот обид бил успешен и бил повикан на разговор.
Ема Ватсон ја глуми Хермиона Гренџер, екстремно интелигентна вештерка која е со „нечиста крв“ (нејзините родители се неволшебници) која на почетокот иако ги нервира Хари и Рон, по борбата со тролот таа им станува најдобра пријателка. Импресионирана од нејзините изведби на школските претстави, учителката по глума на Ватсон ја пријавила Ема на агентите за бирање на улогата. Ватсон многу сериозно ја сфатила својата аудиција, но никогаш не ни помислила дека таа има шанса да ја добие улогата. Продуцентите биле импресионирани од нејзината самоувереност и изведба и од милион девојчиња ја одбрале токму неа. Роулинг на почетокот била против Ема да ја глуми Хермиона, бидејќи не ѝ се допаѓал првиот аудициски тест што Ема го правела.
Ричард Харис го глуми Албус Дамблдор, директорот на Хогвортс и еден од најпознатите и најмоќните волшебници на сите времиња. Тој решава да го остави Хари кај тетка му и тетин му поради смртта на Лили и Џејмс Потер кои биле убиени од Лорд Волдеморт. Харис ја одбивал улогата, сè додека не решил да се согласи бидејќи неговата внука го колнела дека ако не ја прифати улогата никогаш повеќе нема да зборува со него.
Роби Колтрејн го глуми Рубеус Хагрид, полуџин и чувар на имотот на Хогвортс. Тој го носи Хари на Зеленика со својот летачки мотор, потоа го зема на неговиот единаесетти роденден да го носи во Хогвортс и оттогаш тие двајца градат цврста врска. Колтрејн бил прв избор на Роулинг. Колтрејн, кој веќе бил голем обожавател на книгите, се подготвувал за улогата разговарајќи со Роулинг за минатото и иднината на Хагрид.
Алан Рикмен го глуми Северус Снејп, наставникот по напивки и глава на Слитерин (една од четирите куќи во Хогвортс). Тој го презира Хари поради минатото со татко му. Тој порано бил Смртојад (следбеник на Лорд Волдеморт), но ја има целосно довербата од Дамбладор. Тим Рот бил заинтересиран за улогата, бидејќи неговите деца биле големи обожаватели на книгите, но поради некои причини Алан ја добил улогата.
Меги Смит ја глуми Минерва Мек Гонагл, строгата заменичка директорка, глава на Грифиндор и наставничка по преобразување во Хогвортс. Таа е многу моќна волшебничка и знае да се преобразува во мачка, а и во други работи. Таа му помага на Дамблдор да го однесат Хари на Зеленика. Смит била единствен избор на Роулинг.
Том Фелтон го глуми Драко Малфој, волшебник од богато семејство. Откако Хари ќе ја одбие неговата понуда за „пријателство“ тие стануваат вечни непријатели. Заедно со Редклиф, Фелтон бил единствениот од младите глумци кој имал претходно искуство пред камерите.
Ијан Харт го глуми Професорот Квирл, расеаниот и нервозен учител по одбрана од мрачните сили во Хогвортс. Тој носи турбан за да го скрие лицето на Волдеморт кое се крие на неговата позадина. Дејвид Телвис се пријавил за улогата, но за жал не ја добил. Интересно е тоа што тој подоцна се здобива со улогата на Ремус Лупин во Хари Потер и Затвореникот од Азкабан.
Ричард Грифитс го глуми Вернон Дарсли, тетинот на Хари кој го мрази Хари и се грижи само за неговиот син Дадли.
Џон Херт го глуми Г-дин Оливандер, сопственикот на Оливандерс, најдобриот произведувач на волшебни стапчиња. Оливандер ја поседува способноста да го најде идеалното стапче на тој што му треба и тој тврди дека го помни секое можно стапче што го има продадено и на кого го продал.
Метју Луис го глуми Невил Лонгботом, мирен ученик кој е пријател со Хари, Рон и Хермиона. Тој е најчесто измачуван од Малфој и неговата банда. На крајот од филмот го открива планот на Хари, Рон и Хермиона и им се заканува дека ќе ги издаде ако отидат по каменот на мудроста.
Џон Клис го глуми Речиси-Безглавиот Ник, духот на куќата на Грифиндор, интересен и забавен дух кој сите го обожуваат. Наречен е „Речиси-Безглав“ поради тоа што неговата глава се држи на само два сантиметри месо, џелатот одговорен за неговото погубување не ја наострил добро секирата.
Џули Валтерс ја глуми Моли Визли, грижливата мајка на Рон. Таа му помага на Хари да стигне до перонот 9¾. Пред да ја одберат Валтерс за улогата, американската глумица Роси О‘Донел одела на разговори со Колумбус за да ја одбере да биде Моли Визли.
Ричард Бример го глуми Лорд Волдеморт, најмрачниот волшебник на сите времиња. Тој бил поразен и речиси уништен, со клетвата која пробал да ја искористи на Хари, но таа се одбила и го погодила него. Тој се спојува со еден наставник за да го најде каменот на мудроста и да стане повторно човек од крв и месо. Бремер го игра Волдеморт само во една сцена од минатото додека неговото лице и глас кога ќе се појави на тилот на Квирл се на Ијан Харт.
Рик Мајал бил одбран да го глуми Пивс (Намќорот), но поради некои причини сцените со него биле избришани.
Продукција
Развој
Во 1997 година, продуцентот Дејвид Хејмен го пребарувал Холивуд за добра книга за деца која би можела да биде адаптирана и добро примена како филм. На почетокот тој планирал да го продуцира Огарот од долу од Диана Вин Џонс, но плановите пропаднале. Неговиот персонал тогаш го предложил Хари Потер и Каменот на мудроста, и на Хејмен му се допаднала идејата. Хејмен ја пренел идејата во Warner Bros. и наредната година, Роулинг ги продала правата на првите 4 книги на компанијата за објавени 1 милион фунти. Роулинг побарала главната глумечка екипа да биде строго Британци, но дозволила и вклучување на ирски глумци како Ричард Харис кој го толкува Дамблдор и за вклучувањето на француски и источноевропски глумци за четвртиот дел, Огнениот пехар, каде и во самата книга тие се така и специфицирани. Роулинг се двоумела околу продажбата на правата, особено на правата на ликовите, затоа што со тоа, студиото би имало право да прави продолженија на филмовите кои не се засновани врз книгите.
Иако на почетокот се воделе преговори со Стивен Спилберг, договорот пропаднал. Спилберг сакал адаптацијата да биде анимиран филм, во кој гласот на Хари ќе го позајми американскиот глумец Хејли Џоел Озмент, или пак филм во кој би биле вклучени елементи и од наредните книги. Спилберг се согласил дека филмот ќе биде успешен и дека очекувањето на профит од него е исто како да „ловиш патки затворени во буре“.
По заминувањето на Спилберг, започнале разговори со други режисери, меѓу кои: Крис Колумбус, Тери Гилиам, Џонатан Дем, Мајк Њуел, Алан Паркер, Волфганг Петерсен, Роб Рајнер, Иван Рајтман, Тим Робинс, Бред Силберлинг и други. Петерсен и Рајнер се откажале во март 2000 година, за на крајот изборот да се намали на Силберлинг, Колумбус, Паркер и Гилиам. Прв избор на Раулинг бил Тери Гилиам, но Warner Bros. го одбрале Колумбус поради неговата претходна работа на други семејни филмови како Сам дома и Г-ѓа Даутфаер. Колумбус својата верзија ја осмислил како двочасовен филм, во кои сакал сцените со маглите (неволшебниците) да бидат со избледени и застарени бои, а оние сцени од волшебничкиот свет да бидат полни со боја, расположение и детали. Инспирацијата ја зел од адаптацијата на Оливер Твист од режисерот Дејвид Лин.
„Хари Потер е таков вид на безвременско книжевно дело што се појавува само еднаш во животот. Откако книгите почнаа да бидат следени толку страсно од целиот свет, важно ни беше да најдеме режисер кој има афинитет кон децата и магијата. Не можам да замислам никој подобар за оваа работа од Крис.“
Стив Кловс беше одбран да го пишува сценариото за филмот. Тој го опишува процесот на адаптација на книгата едноставно како „тежок“, затоа што „не се позајмувала адаптација како кај следните две книги“. На Кловс му биле испратени повеќе синопсиси на книги, одбрани за адаптација, кои тој ретко кога ги читал, но Хари Потер му „паднал в очи“. Отишол да ја купи целата книга и веднаш станал голем обожавател на серијалот. Кога зборувал со Warner Bros. тој потврдил дека целиот филм треба да биде британски, вклучувајќи ги и глумците. Кловс бил навистина нервозен кога требал да се запознае со Роулинг, мислејќи дека таа ќе го обвини дека го уништил нејзиното дело. На Роулинг ѝ се допаднал сценаристот и напишаното сценарио, сепак и таа имала голема контрола околу креативниот дел. Студиото ја назначило за извршен продуцент, договор кој не му сметал на Колумбус.
Warner Bros. на почетокот планирале премиерата на филмот да биде преку викендот на 4 јули2001 година, давајќи многу кратко време за продукција поради што некои од режисерите се повлекле од трката. Но поради мали компликации и одложувања, датумот на премиера била преместен на 16 ноември2001 година.
Снимање
Двајца британски чиновници од филмската индустрија побарале филмот да биде сниман во Обединетото Кралство, нудејќи помош околу обезбедувањето на локации за снимање, можноста за употреба на студиото Leavsden како и промена на законот за деца работници. Warner Bros. ја прифатиле нивната понуда и снимањето започнало во октомври 2000 година во Leavesden Studios, и завршило во април 2001, со конечен завршеток до јули. На почетокот одбрани локации биле железничката станица Гоутленд, во Северен Јоркшир, Кантербериската катедрала и замокот Инвераилорт во Шкотска, како место за снимање на сцените од Хогвортс. Кантербури ги одбиле Warner Bros. поради наводната паганска тема на филмот. На крајот замокот Алнвик и Глочестерската катедрала биле одбрани како главни локации со некои сцени снимани во училиштето Хароу. Други сцени од Хогвортс биле снимани во катедралата Дурхам, во период од две недели. Овде се снимале сцените од ходниците и училниците. Училиштето Оксфорд Дивинити послужило како болничкото крило во Хогвортс, а библиотеката Дјук Хамфри била искористена како хогвортската библиотека. Снимањето на улицата Зеленика било во Брекнел, Беркшир. Подоцна била конструирана посебна сцена во студиото Leavesden што испаднало поевтина варијанта отколку снимањето на локации. Австралија Хаус во Лондон е локација за сцената од банката Гринготс, Лондонската зоолошка е локација за сцената во која Хари случајно ја ослободува змијата и Кингс Крос железницата како што е споменато во книгата.
Поради разликите во насловот на филмот во Америка и Обединетото Кралство, сите сцени во кои се споменува зборот каменот на мудроста се снимени двапати еднаш како глумците велат „philosopher's“ а еднаш „sorcerer's“. Децата поминувале по 4 часа дневно во снимање и 3 часа во училишна работа, како и шминкањето каде им додавале разни вештачки повреди на лицата. Редклиф морал да носи зелени леќи поради неговите сини очи, за разлика од Хари. Во некои од сцените неговите очи се обојувани преку компјутерска анимација, поради проблемите кои младиот Радлиф ги имал со контактните леќи.
Џудиана Маковски ги дизајнирала костимите за филмот. Таа ги редизајнирала наметките за Квидич откако на почетокот биле планирани да бидат како оние што се покажани на корицата на американското издание на книгата, сметајќи ги за ужас. Како такви, таа ги облекла играчите во џемпери и штитници за раце и нозе од 19 век.[10] Продукцискиот дизајнер Стјуарт Крег ги изградил сцените во студиото Leavesden, кое ја вклучува големата сала во Хогвортс, и иако требало да се снима на вистинската локација, Крег одлучил самиот да ја изгради Дијагоналната уличката базирајќи ја на Тидоровата, Џорџовската и архитектурата на Кралицата Ана.
Колумбус планирал да користи анимотроника и КГС (компјутерски генерирани слики) да ги создава магичните суштества, дури и кучето Флафи.[11] Ник Дадман, кој работел на Војна на Ѕвездите Епизода 1: Фантомска закана, бил задолжен да ги создава моделите и калапите.[12] Џон Копингер изјавил дека волшебните суштества кои требале да бидат дизајнирани за филмот морале да ги дизајнираат повеќепати.[13] На филмот му требале околу 600 видеа со специјални ефекти што значело дека морале да соработуваат со повеќе компании и од секоја земале потребни алатки за снимање. Industrial Light & Magic го направиле лицето на Лорд Волдеморт кое се наоѓа на задната страна на професорот Квирл, Rhythm & Hues го анимирале Норбет и Sony Pictures Imageworks ги обработиле сцените со квидич.
Џон Вилијамс бил избран да ја направи музиката за филмот.[14] Вилијамс го правел саундтракот во неговиот дом во Лос Анџелес пред официјално да го снима во Лондон во август 2001 година. Една од поглавните песни е насловена „Hedwig's Theme“, која Вилијамс ја нарекол „таа песна на сите им се допаѓа“.[15]
Разлики од книгата
Колумбус постојано зборувал со Роулинг за да биде сигурен за секој мал детал во филмот е направен како што треба.[16] Кловс го опишува филмот како „многу верен“ на книгата. Тој има додадено некои диjалози, кои Роулинг ги има одобрено. Некои диjалози морале да бидат отстранети по наредба од Роулинг, бидејќи таа рекла дека тие дијалози можеле да откријат некои делови од тогаш не издадената книга Хари Потер и Редот на фениксот.[17]
Покрај ова, во повеќето случаи со правење филм заснован врз некоја книга, секогаш има разлики од синопсисот на филмот и оригиналниот изворен материјал. Првото поглавје во книгата започнува од гледна точка на Вернон и Петунија Дарсли, ова поглавје ни покажува каков им бил животот токму еден ден пред да го добијат Хари и како обичните луѓе реагираат на некој вид магии. Во филмот овој дел го нема, наместо ова, филмот започнува со професорот Дамбладор, професорката Мекгонагл и Хагрид оставајќи го Хари кај Дарслиеви. Следно во книгата гледаме еден месец од летото на Хари, вклучувајќи неколку обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата кои доаѓаат од Хогвартс, кои ги нема во филмот. Боата од Бразил од книгата станува анаконда од Бурма во филмот. Не е вклучен конфликтот меѓу Хари и Драко, вклучувајќи го и нивното оригинално прво сретнување во продавницата на Мадам Малкин за училишни униформи. Ликот на Пиерс Полкис (другар на Дадли кој го задева Хари) е избришан и мал дел од улогата на Николас Фламел е изменет или целосно отстранет. Што се однесува до Норбет, тој се појавува во филмот исто колку и во книгата, но во филмот е споменато дека Норбет е всушност предаден на Дамбладор додека во книгата Хари, Рон и Хермиона мораат да одат да го однесат Норбет во астрономската кула и да го предадат на пријатели на Чарли Визли. Раулинг ја опиша сцената како „еден дел од книгата за кој таа почувствувала дека може лесно да биде сменет.“[18] Поради ова, причината за казна во забранетата шума исто така е променета. Во романот, Хари и Хермиона се казнени бидејќи се фатени од Филч како излегуваат од астрономската кула навечер после дозволеното време, додека во филмот, Хари, Рон и Хермиона се казнени бидејќи се фатени од страна на Малфој како навечер се во колибата на Хагрид. Песната на капата бирачка е „отсечена“, како и загатката со напивките на Снејп и собата со тролот на Квирел по пат во собата на каменот. Тетка Петунија и тетин Вернон како и кентаурот Фиренз се визуално изменети. Во книгата се прикажани како поруси луѓе, додека во книгата како потемни.[19]
Маркетинг
Првиот постер пуштен за филмот бил на 30 декември2000 година, додека првиот трејлер бил пуштен преку сателит на 29 февруари 2001, а потоа во кината заедно со филмот Спот. Музиката од филмот била пуштена на 30 октомври2001 година. Видео игра заснована врз филмот била пуштена во 2001 година од страна на Electronic Arts за неколку конзули. Друга игра за GameCube, PlayStation 2 и Xbox била пуштена во 2003 година. Mattel ги добива правата да произведува играчки засновани врз филмот, и да бидат продавани ексклузивно преку продавниците на Warner Brothers. Warner Bros. потпишале договор вреден 150 милиони американски долари со Coca-Cola да го промовираат филмот, и со Lego да произведе серијал на градби и сцени од филмот, како и Lego Creator видеоигра заснована врз филмот.
Sehzade BayezidSebuah lukisan Kerajaan Ottoman Suleiman I bersama, Sehzade BayezidKelahiran1526Edirne, Ottoman EmpireKematian25 September 1561 (usia 35-36)Safavid PersiaWangsaDinasti OsmanAyahSuleiman IIbuHurrem SultanPasanganFatma Haseki SultanPutri HuricihanAnakSehzade OrhanSehzade OsmanSehzade AbdullahSehzade MahmudSehzade MuradMihrumah SultanHatice SultanAyşe SultanHanzade SultanAgamaIslam sunni Sehzade Bayezid lahir (25 September 1561) adalah seorang pangeran Kerajaan Ottoman (bahasa Tu...
Aryeh Kaplan Información personalNacimiento 23 de octubre de 1934 El Bronx (Estados Unidos) Fallecimiento 28 de enero de 1983 (48 años)Brooklyn (Estados Unidos) Sepultura Cementerio judío del Monte de los Olivos Nacionalidad EstadounidenseReligión Judaísmo EducaciónEducado en Universidad de LouisvilleUniversidad de MarylandYeshivá MirYeshivá Torah Vodaath Información profesionalOcupación Físico, rabino, traductor, traductor de la Biblia y escritor [editar datos en Wikidata...
غراند موند الإحداثيات 41°49′27″N 90°38′49″W / 41.824166666667°N 90.646944444444°W / 41.824166666667; -90.646944444444 تقسيم إداري البلد الولايات المتحدة[1] التقسيم الأعلى مقاطعة كلينتون خصائص جغرافية المساحة 4.712186 كيلومتر مربع (1 أبريل 2010) ارتفاع 221 متر عدد السكا...
Robbie Lawler Nombre Robert Glen LawlerNacimiento San Diego, California, Estados Unidos20 de marzo de 1982 (41 años)Alma máter Bettendorf High SchoolApodo RuthlessEquipo American Top TeamPeso 78 kg (172 lb)Estatura 1,80 m (5′ 11″)Nacionalidad EstadounidenseAños activo 2001-presenteResidencia DavenportEstadísticasTotal 45Victorias 29 • Por nocaut 21 • Por sumisión 1 • Por decisión 7Derrotas 15 • Por nocaut 2 • Por sumisión...
Canadians of British Isles ancestry British CanadiansCanadiens d'origines BritanniquesTotal population11,211,850[1][nb 1][a]32.5% of the total Canadian population (2016)Regions with significant populationsThroughout Canadaless prevalent in Quebec and the NorthLanguagesCanadian English, Canadian FrenchReligionProtestant, Catholicism and IrreligionRelated ethnic groupsBritish people, Irish people, British Americans, British Australians, British New Zealanders, Old Stock ...
2023 by-election in Zimbabwe 2023 & 2024 Zimbabwean by-elections ← 2023 11 November 20239 December 20233 February 2024 2028 → 16 out of the 280 seats in the National Assembly Leader Emmerson Mnangagwa Nelson Chamisa Party ZANU–PF CCC ZAPU Last election 176 seats, 56.11% 103 seats, 41.58% 0 seats, 0% Party NCA DOP Last election 0 seats, 0% 0 seats, 0% Politics of Zimbabwe Constitution Constitutional history Human rights Government President E...
1982 Indian filmAgaya GangaiDirected byManobalaWritten byManivannanProduced byM. NachiappanStarringKarthikSuhasiniCinematographyRobert–RajasekarEdited byR. BhaskaranMusic byIlaiyaraajaProductioncompanySreeni EnterprisesRelease date 17 December 1982 (1982-12-17) CountryIndiaLanguageTamil Agaya Gangai (transl. Sky Ganges) is a 1982 Indian Tamil-language romance film, directed by Manobala in his debut[1] and written by Manivannan. The film stars Karthik and Suhasin...
American basketball player (1980–2023) Brandon HunterHunter playing for Napoli in 2006Personal informationBorn(1980-11-24)November 24, 1980Cincinnati, Ohio, U.S.DiedSeptember 12, 2023(2023-09-12) (aged 42)Orlando, Florida, U.S.Listed height6 ft 7 in (2.01 m)Listed weight266 lb (121 kg)Career informationHigh schoolWithrow (Cincinnati, Ohio)CollegeOhio (1999–2003)NBA draft2003: 2nd round, 56th overall pickSelected by the Boston CelticsPlaying career2003–2013P...
Not to be confused with Francis Bothwell. Francis Stewart redirects here. For other uses, see Francis Stewart (disambiguation). 16th-century Scottish nobleman Bothwell had part of Crichton Castle rebuilt in the Italian Renaissance style, c. 1585 Francis Stewart, 5th Earl of Bothwell (c. December 1562 – November 1612) was Commendator of Kelso Abbey and Coldingham Priory, a Privy Counsellor and Lord High Admiral of Scotland. He was a notorious conspirator who led several uprisings against his...
Suburb of Canberra, Australia ReidCanberra, Australian Capital TerritoryDirrawan Gardens in July 2018ReidCoordinates35°17′0″S 149°08′30″E / 35.28333°S 149.14167°E / -35.28333; 149.14167Population1,544 (2021 census)[1] • Density441/km2 (1,143/sq mi)Established1928Postcode(s)2612Elevation570 m (1,870 ft)Area3.5 km2 (1.4 sq mi)Location 2 km (1 mi) E of Canberra CBD 15 km (9 mi) WNW of Q...
Pemilihan umum Dewan Legislatif Kepresidenan Madras 19231920192631 Oktober - 10 November 192398 kursi di Dewan Legislatif MadrasKandidat Partai pertama Partai kedua Partai ketiga Ketua Sir P. Theagaroya Chetty C. R. Reddy S. Srinivasa Iyengar Partai Partai Keadilan (India) Anti-Ministerialis Partai Swaraj Kursi yang dimenangkan 44 37 11 Perubahan kursi -21 +37 +11 Ketua Menteri petahanaPanagal Raja Partai Keadilan (India) Ketua Menteri terpilih Panagal Raja Partai...
2019 soundtrack album by Henry JackmanPokémon Detective Pikachu (Original Motion Picture Soundtrack)Soundtrack album by Henry JackmanReleasedMay 8, 2019 (digital)May 10, 2019 (physical)GenreFilm scoreLength58:15LabelWaterTowerSony ClassicalProducerHenry JackmanHenry Jackman chronology Io(2019) Pokémon Detective Pikachu(2019) American Skin(2019) Pokémon Detective Pikachu (Original Motion Picture Soundtrack) is the score album to the 2019 film Pokémon Detective Pikachu, based on the...
Ivorian footballer Sol Bamba Bamba with the Ivory Coast in 2012Personal informationFull name Souleymane Bamba[1]Date of birth (1985-01-13) 13 January 1985 (age 38)[2]Place of birth Ivry-sur-Seine, FranceHeight 1.90 m (6 ft 3 in)[2]Position(s) Centre-backYouth career1996–2004 Paris Saint-GermainSenior career*Years Team Apps (Gls)2004–2006 Paris Saint-Germain 1 (0)2006–2008 Dunfermline Athletic 39 (0)2008–2011 Hibernian 75 (4)2011–2012 Leice...
Public policy school at George Washington University Trachtenberg SchoolTypePrivateEstablished2003; 20 years ago (2003)DirectorMary Tschirhart[1]Academic staff47Students425Address805 21st St NW, Washington, D.C., 20052, United StatesCampusUrban — Foggy BottomWebsitewww.tspppa.gwu.edu The Trachtenberg School, officially the Trachtenberg School of Public Policy and Public Administration (TSPPPA), is the graduate school of public policy and public administration...
Cathedral in Chihuahua City, Mexico Facade of the cathedral South Transept and Blessed Sacrament Chapel. The Metropolitan Cathedral Church of the Holy Cross, Our Lady of Regla, and St Francis of Assisi is the main ecclesiastical building of the Catholic Church in Chihuahua City, Chihuahua, Mexico. It is considered perhaps the finest example of colonial architecture in northern Mexico[1] and it was built between 1725 and 1792.[2] The cathedral is also the seat of the Roman Cath...
История логарифмов как алгебраического понятия прослеживается с античных времён. Идейным источником и стимулом применения логарифмов послужил тот факт, известный ещё во времена Архимеда[1], что при перемножении степеней с одинаковым основанием их показатели склад...
This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Condusiv Technologies – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (July 2020) (Learn how and when to remove this template message) Condusiv TechnologiesTypePrivately held companyIndustryComputer softwareFoundedGlendale, California, United States (March 1...
National historic district in Pacolet, South Carolina United States historic placePacolet Mills Historic DistrictU.S. National Register of Historic PlacesU.S. Historic district Town of Pacolet Mills, May 2011Show map of South CarolinaShow map of the United StatesLocationRoughly bounded by Brewster, Millikin, Walker, Montgomery & Moore Sts. & Granite Ave., Pacolet, South CarolinaCoordinates34°55′11″N 81°44′34″W / 34.91972°N 81.74278°W / 34.91972; -81...
United States historic placeU.S. MintU.S. National Register of Historic PlacesNevada Historical Marker No. 196 Carson City Mint at nightLocation600 N. Carson St.Carson City, NevadaCoordinates39°10′03″N 119°46′02″W / 39.16750°N 119.76722°W / 39.16750; -119.76722ArchitectAlfred Bult MullettNRHP reference No.75002127 No.196Added to NRHPSeptember 5, 1975 The Carson City Mint was a branch of the United States Mint in Carson City, Nevada....
Simone Zaza Zaza al Sassuolo nel 2014 Nazionalità Italia Altezza 186 cm Peso 78 kg Calcio Ruolo Attaccante Squadra svincolato Carriera Giovanili 1997-2005 Stella Azzurra Bernalda2005-2007 Valdera2007-2010 Atalanta2010-2011 Sampdoria Squadre di club1 2008-2010 Atalanta3 (0)2010-2011 Sampdoria2 (0)2011-2012→ Juve Stabia4 (0)2012→ Viareggio18 (11)2012-2013→ Ascoli35 (18)2013-2015 Sassuolo64 (20)2015-2016 Juventus19 (5)2016-2017→ ...