Стивен Кловс (англиски: Steven Kloves) (роден 18 март 1960) е американски сценарист добро познат по неговите адапции на некои романи, особено по Хари Потер филмскиот серијал и филмот Wonder Boys, чије сценариот доби номинација за Златен глобус и Оскар. Тој исто така има режирано два филма.
Кловс, е роден во Остин, Тексас, а пораснал во Санивал, Калифорнија и учел во Fremont High School. Тој влегува во УКЛА но подоцна се отпишува откако почнал да го намалува распоредот на се помалку курсеви во својата втора година. Како неплатен стажист за некој Холивудски агент, тој привлекол внимание со сценарио кое тогаш го напишал наречено Swings. Ова го донело до состанок на кој се решило да се снима Racing with the Moon (1984).
Warner Bros. му испратиле список на романи на Кловс кои планирале да ги направат во филмови. По некои размислувања се одлучиле за првиот Хари Потер роман. Тој со тек на времето ги напиша сценариата на првите четри Хари Потер филмови. Продуцентот на Хари Потер Дејвид Хејмен на 25 октомври 2008 на една прес-конференција потврди дека Кловс се враќа да го пишува сценариото и на Хари Потер и Полукрвниот Принц — шестиот дел од серијата.[1]
Наводи