Стивен Алан Спилберг (англиски: Steven Allan Spielberg; роден 18 декември 1946)[1] — американски кинорежисер, продуцент и сценарист. Спилберг е трикратен добитник на наградата Оскар и е најпрофитниот киноработник на сите времиња; неговите филмови заработиле нето-вредност од 3,6 милијарди долари (2020) меѓународно.[2] Од 2006, списанието Премиер го смета како најмоќната и највлијателната личност во киноиндустријата. Тајм го вбројува како еден од 100-те најважни луѓе на векот. На крајот од дваесеттиот век, списанието Лајф го именува како највлијателната личност на неговото поколение.[3]
Во кариера што се простира скоро четири децении, Спилберговите филмови допреле многу теми и жанрови. За време на 70-те, 80-те и 90-те, три од неговите филмови, Ајкула, И-Ти вонземјанинот и Паркот Јура станале најзаработувачки филмови на нивните времиња. За време на неговите кинорежисерски почетоци, неговите научнофантастични и авантуристички филмови често биле гледани како архитипот на современата холивудска блокбастер-кинематографија. Во последните години, неговите филмови почнале да се однесуваат на историски теми, како што се Холокаустот, ропството, војната и тероризмот.
Стил
Теми
Филмовите на Спилберг често имаат слични теми. Поголемиот дел од филмовите имаат како тематика стапување во контакт со вонземјани или ликови кои се наоѓаат во несекојдневни ситуации. Ова е посебно очигледно во филмовите Индијана Џонс. Во едно интервју од август 2000, Спилберг ја коментираше својата заинтересираност за вонземјани и како тоа влијаело врз неговите филмови. Во многу прилики, тој ја покажува својата фасцинација со вселената, како на пример во Ајкула има сцени со ѕвезди во позадина. Спилберг се опишал како вонземјанин за време на своето детство,[4] а интересот произлегол од неговиот татко, обожавател на научна фантастика и неговото мислење дека вонземјаните не би патувале толку долго за да освојуваат, туку од љубопитство, за да споделат знаење.[5]
Силна и постојана тема во своите филмови е скоро детското, наивно чувство на чудење и верба, што се гледа во филмови како Блиски средби од третиот вид, И Ти, Кука и Вештачка интелигенција. Според Ворен Бакленд,[6] овие теми се портретирани преку снимањето ниско со камера, што е станато еден од главните режисерски белези на Спилберг. Кога во неговите филмови има деца, овој вид снимање е поочиглеен, но е користен и во други филмови. Друга детско-ориентирана тема во филмовите на Спилберг е губењето на невиноста и созревањето. Во Империја на сонцето, Џим, размазен млад Англичанец, ја губи невиноста додека страда во Втората светска војна во Кина. Слично е и во Фати ме ако можеш, каде Френк наивно мисли дека може да го соедини своето семејство ако собере доволно пари да ги издржува.
Најистрајна тема во неговите филмови е тензијата меѓу дете-родител. Родителите (најчесто татковци) се безволни, отсутни или прости. Питер Бенинг во Кука на почетокот на филмот е безволен татко кој живее за да работи, кој за време на филмот ја враќа почитта на своите деца. Очигледното отсуство на таткото на Елиот во И Ти е најпознатиот пример за оваа тема. Во Индијана Џонс: Последната крстоносна војна, се открива дека Инди отсекогаш имал напната врска со својот татко, исто така археолог, кој бил позаинтересиран за својата работа, поспецифично за истражувања околу Светиот грал, отколку за својот син ; и иако тој тогаш не го забележува тоа, оваа негова незаинтересираност негативно влијаела врз неговиот син. Дури и Оскар Шиндлер од Шиндлеровата листа, не сака да има деца со својата жена.
Во Минхен, Авнер е опишан како човек кој е оддалечен од својата жена и новородена ќерка. Секако, има и исклучоци; Броуди во Ајкула е посветен семеен човек, додека Џон Андертон во Малцински извештај е потресен човек по исчезнувањето на син му. Може да се каже дека оваа тема е најавтобиографскиот аспект во филмовите на Спилберг, бидејќи Спилберг како дете го доживеал разводот на своите родители и отсуството на својот татко. Исто така треба да се напомене дека главните личности во неговите често доаѓаат од семејства на разведени родители; највпечатливиот пример е И Ти (мајката на Елиот е разведена) и Фати ме ако можеш (мајката и таткото на Франк Абњале се разделуваат на почетокот од филмот). Разделената фамилија на крајот од филмот обично завршува среќно.
Поголемиот дел од неговите филмови се оптимистички. Критичарите често ги критикуваат неговите филмови поради нивната голема сентименталност, но Спилберг вели дека доа е во ред сè додека е добро маскирано. Влијанието доаѓа од режисерите Френк Капра и Џон Форд.[7]
Современици
Што се однесува на кастингот и продукцијата, еден од белезите на Спилберг е тоа што често работи со луѓе со кои веќе работел во претходни филмови. На пример, Ричард Дрејфус се појавува во неколку негови филмови: Ајкула, Блиски средби од третиот вид и Секогаш. Исто и Харисон Форд, кој е главна улога во четирите филмови со Индијана Џонс, а се појавува и во една кратка исечена сцена од И Ти. Во скоро време, Спилберг има работи со Том Хенкс во неколку прилики: Спасувајќи го војникот Рајан, Фати ме ако можеш и Терминал.
Спилберг двапати има соработувано и со Том Круз, во Малцински извештај и Војна на световите. Спилберг претпочита да работи и со членови од продукцијата со кои веќе има изградено работен однос. Пример за ова е неговата врска со Кетлин Кенеди, која е продуцентка на сите негови филмови од И Ти до Минхен.
Познат пример за ова е и долготрајната соработка со музичарот Џон Вилијамс. Неговата музика ги пропратува скоро сите негови филмови. Спилберг е дел од современи филмаџии како Џорџ Лукас, Френсис Форд Копола, Мартин Скорсезе, Џон Милиус и Брајан де Палма, кои ги викаат „Филмски батки“. Покрај режисерската работа, Спилберг има работено и како продуцент за многу филмови.
Личен живот
Деца и бракови
Од 1985 до 1989 Спилберг беше во брак со глумицата Ејми Ирвинг. Во нивниот разводен договор во 1989, таа доби 100 милиони долари од Спилберг откако судијата го поништува нивниот предбрачен договор напишан на салфета. Нивниот развод беше одбран како третиот најскап развод на славните личности во историјата.[8] Веднаш по нивниот развод, Спилберг и Ирвинг го делеа старателството на нивниот син, Макс Семјуел.
Спилберг подоцна започна врска со глумицата Кејт Кепшо, каде што ја запозна кога и даде улога во Индијана Џонс и храмот на пропаста. Тие се венчаа на 12 октомври 1991. Кепшо преминува во јудаизам.[9]
Има 8 деца во семејството Спилберг-Кепшо:
Спилберг има неколку миленичиња вклучувајќи едно куче. Неговото претходно куче, Михајла, има учествувано во некои од неговите филмови од кои: Jaws, Close Encounters, и 1941.[14]
Генеалогија (посвојувањата се со закосено (италик) )
| | | | | | | | | | | | Бернис Колнер | | | Арнолд Спилберг | | | | Ли Познер | | | Берни Адлер | | | | | | | | | | | | |
| | | | | | | |
| | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | |
| | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | |
Ејми Ирвинг | | | | Стивен Спилберг | | | | Кејт Кепшо | | | | Роберт Кепшо | | Ен Спилберг | | | Дени Опатошу | | Сју Спилберг | | Ненси Спилберг | |
| | | | | | | | | | | | | |
| | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | |
| | | | | | | | | | | | | | | | | | | |
Макс Семјуел Спилберг | | | Тео Кепшо (посвоен) | | Микаела Џорџ | | Дистри Илајн Спилберг | | | Џесика Кепшо | | | | | | | | | | | | | | | | | | | | |
Политика
Спилберг ја поддржува Демократската партија на САД. Има донирано преку 800,000 долари на нејзината сметка. Тој е близок пријател со поранешниот претседател Бил Клинтон и работел со него за прославувањето на милениумот во САД. Режираше 18-минутен филм за овој проект, Американски пат, кој бил прикажан во американската милениумска гала на 31 декември 1999.[15]
Награди
Спилберг е добитник на три Оскари. Бил номиниран за шест Оскари во категоријата Најдобра режија, а освоил два од нив (Шиндлерова листа и Спасувајќи го војникот Рајан), а седум од неговите филмови биле номинирани за најдобар филм (Шиндлеровата листа добила). Во 1987, беше награден со The Irving G. Thalberg Memorial награда за неговата работа како креативен продуцент.
Поради неговото искуство со извидништво, Спилберг помогна на клубот Извидници на америка да добие заслужена ознака во кинематографијата. Оваа ознака била лансирана на Националниот ден за извидници во 1989, на која Спилберг присуствувал и лично советувал многу момчиња за нивната работа.
Во 1999, Спилберг освои почесен степен на универзитетот Браун. Нему, исто така, му бил врачен и медал од Дефензивниот департман на Пентагон, од Вилијам Коен, на 11 август 1999, како признание за филмот Спасувајќи го војникот Рајан.
Во 2001, беше прогласен за почесен витешки командант на Орденот на британската империја, од страна на Кралицата Елизабета II.[16][17][18]
Во 2004, беше прогласен за витез на Почесната легија од претседателот Жак Ширак.[19] На 15 јули 2006, му беше врачена наградата за животно дело Голд Хуго, на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго.[20]
Критика
Филмографија
Номинации за Оскар
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| 1970-ти | |
---|
| 1980-ти | |
---|
| 1990-ти | |
---|
| 2000-ти | |
---|
| 2010-ти | |
---|
|