Тимотеј е роден на 20 октомври1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско со световното име Славе Јовановски.[1] Во 1976 година дипломира на Богословскиот факултет. Потоа работ како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот е испратен во Рим каде што ги завршува ориенталните студии и магистрира. На богословскиот факултет во Скопје извесно време работи како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.