Тепавци (уште познато и како Теповци) — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба
Тепавци се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, односно јужниот дел на Општина Новаци од левата страна на Црна Река. Селото е ридско на надморска височина од 750 метри, а од градот Битола е оддалечено 23 километри.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тепавци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 38 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото брои 25 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 Албанец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според податоците од 1953 година, родови во селото се:
Доселеници:Мифковци (16 к.), Слабовци (6 к.), Радевци (1 к.), Бојковци (21 к.), Стрезовци (3 к.) и Мајловци (1 к.) потекнуваат од основачите на селото, кои биле 4 браќа, и кои се доселиле во XVIII век од околината на Корча во Албанија. Бојковци се делат на следните гранки Котевци, Димовци, Марковци, Романовци, Сиќировци и Цветковци; Орџановци (4 к.) доселени се однекаде, имаат роднини од Тепавци во Невеска, леринско, денес во Грција; Положановци (2 к.) доселени се од селото Полог.
Православен ромски род:Неделковци (1 к.) овде живеат од турско време, основачот на родот бил Ковач. Брачни врски одржуваат со православните Роми од другите села.[12]
Во селото постои избирачкото место бр. 166 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Гнилеш.[13]
Од ова село иселеници има во Велесело (Ќутевци, Петковци и Кочовци), Брод (Велјановци), Долно Оризари (Моријовци), Балдовенци (Митревци), Бач (Тепаски). Околу 5 семејства до 1953 година се иселиле во Битола. Целосно се иселиле Пиперковци во Америка. Биле деленици од родот Бојковци.[12]