Салаетин Билал (Скопје, 19 март 1942 - Скопје, 10 мај 2018) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер од турска народност.
Животопис
Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година, тој станал член на ансамблот на Турски театар - Скопје. Како глумец гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма.
За своето глумечко умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - прогласен е за глумец на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - Награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“, Добитник е на Наградата за животно дело "Војдан Чернодрински" 2014.
Починал во Скопје на 10 мај 2018 година.[1]
Филмографија
Наводи
Надворешни врски