Оваа статија се однесува на федералниот субјект на Русија. За поранешната автономна република во Украина, погл. Автономна Република Крим. За полуостровот, погл. Крим (полуостров).
Создадена е во 2014 г. откако властите на поранешната Автономна Република Крим и градот Севастопол објавиле независност од Украина и добиле речиси апсолутна поддршка (96,77%) од населението на референдум да станат составен дел од Русија како два нејзини федерални субјекта.[8] Украинските власти и дел од украинскиот народ, Крим го сметаат за дел од Украина и не го признаваат неговиот статус како дел од Русија, и покрај изгласаниот референдум поради неговата незаконитост, забележани фалсификати и отсуство на набљудувачи од други земји за време на самиот референдум .[9]
Западните сили и нивните заеднички сојузи и организации се искажале дека го сметаат референдумот за незаконит и неважечки, бидејќи во него не учествувале сите граѓани на Украина во целина. Меѓутоа, уште во самиот проглас за независност се образложува правната полноважност на референдумот, повикувајќи се на примерот со Косово, кое исто така еднострано прогласило независност без да се праша целата тогашна Србија — потег кој истите тие сили го оправдувале и целосно поддржувале.
Во 1954 г. Крим е одземен од тогашната Руска СФСР и доделен на Украинската ССР по одлука на тогашниот државник Никита Хрушчов и без никакво консултирање на јавното мислење.[10] Како таков, Крим останува во Украина сè до неговото отцепување на референдум во 2014 г.
Криза и враќање во Русија
По немирите во Украина, во 2014 г. во Крим се јавува т.н. „Кримска криза“ поттикната од стравувања кај мнозинското руско население од загрозеност. Како последица од тоа Русија, извесни неофицијални единици и месното население издејствуваат смена на управата на републиката. Подоцна, парламентот на Крим носи одлука за припојување на Крим кон Русија под услов предлогот да помине на референдум во самиот Крим и Севастопол. Управата на Крим потоа распишува референдум за оцепување од Украина за 16 март истата година.[11] На референдумот, преку 96,77% од граѓаните искажале поддршка за присоединување кон Русија, при излезност од 83%.[12] Дел од Кримските Татари не излегле на гласање.
Украина сè уште не го признава Крим за дел од Русија, и покрај изгласаниот референдум и со тоа Феодосија ја смета за дел од Украина.
Извршната власт Министерски совет, на чие чело стои претседател. Надлежностите на Врховниот и Министерскиот совет се пропишани со устав и други републички закони, како и со одлуките донесени во неговата редовна работа.[14]
Кримските Татари се претставени преку свој орган, наречен „Меџлис на кримскотатарскиот народ“ (Къырымтатар Миллий Меджлиси), кој доставува примедби и барања до Врховниот совет, началникот и извесни меѓународни тела.[15]
Административна поделба
Република Крим и понатаму се раководи според административната поставеност на АР Крим, делејќи ја територијата на 25 подрачја: 14 реони и 11 градски општини (офиц. територии во надлежност на градски совети).[16]
Најзначајни стопански гранки се прехранбената, хемиската, машинската, металопреработувачката и енергетската индустрија.[14] Од нив, 60% отпаѓа на производството на прехранбени стоки. Постојат преку 290 покрупни производни претпријатија и над 1000 малостопанственици.[14]
Републиката исто така има неколку наоѓалишта на земен гас (копнени и подводни), спроведени со гасовод во мрежата на Украина.[21][22] Копнените се наоѓаат во Црноморскиот реон и општината Џанкој, а подводните се кај западниот брег на Црното Море и североисточниот брег на Азовското.[23]
Инфраструктура
Тролејбус во Симферопол
Жичницата во Јалта
Јавен превоз
Практично секое населено место на Крим е поврзано со другите со автобус. Полуостровот има и најдога (96 км) тролејбуска линија на светот („Кримски тролејбус“), која води од Симферопол до Јалта.[24]
Железничкиот сообраќај во Крим се одвива по следниве линии: Армјанск—Керч (со преод за Феодосија) и Мелитопол—Севастопол (со преод за Евпаторија), поврзувајќи го полуостровот со Украина.
Туризмот во Крим почнал масовно да се развива во втората половина на XIX век, со развојот на железничкиот сообраќај. Во XX век се изградени бројни дворци, вили и дачи. На полуостровот има повеќе знајачни знаменитости кои привлекуваат многу туристи. Најпосетувани одморалишни места на јужниот брег се Јалта и Алушта, Евпаторија и Саки на западниот и Феодосија и Судак на југоисточниот.
Од особено значење е разновидноста на природните предели во Крим, каде се среќаваат планински венци, висорамнини, тревести предели и пештери. Во Саки има лековита кал, а Евпаторија има плажи со најчист кварцен песок.[25]
Според National Geographic, Крим се котирал меѓу 20-те најпожелни туристички одредишта во 2013 г.[26]
↑Президент Российской Федерации. Указ №849 от 13 мая 2000 г. «О полномочном представителе Президента Российской Федерации в федеральном округе». Вступил в силу 13 мая 2000 г. Опубликован: "Собрание законодательства РФ", No. 20, ст. 2112, 15 мая 2000 г. (President of the Russian Federation. Decree #849 од May 13, 2000 „On the Plenipotentiary Representative of the President of the Russian Federation in a Federal District“. Стапил на сила May 13, 2000).
↑Госстандарт Российской Федерации. №ОК 024-95 27 декабря 1995 г. «Общероссийский классификатор экономических регионов. 2. Экономические районы», в ред. Изменения №5/2001 ОКЭР. (Gosstandart of the Russian Federation. #OK 024-95 December 27, 1995 „Russian Classification of Economic Regions. 2. Economic Regions“, по измените на Amendment #5/2001 OKER. ).