Карачаево-Черкесија е претежно планинска земја.(~80% од теритиријата). Планината Елбрус, е највисоката планина во Европа, и се наоѓа на границата со Кабардино-Балкарија.
Природни богатства
Во оваа република најмногу може да се најде злато, јаглен, бакар, и др.
Клима
Просечна јануарска температура: -3.2 °C
Просечна јулска температура: +20.6 °C
Просечни врнежи: 550 mm (рамници) до 2.500 (планини)
Карачаево-Черкесија е многунационална република. На нејзината територија живеат повеќе од 80 националности. Вкупниот број на население изнесува 434.500 жители (2005). Густината на населението е 30,8 жит./км2 (2005), а уделот на градското население е 44,1 % (2005).
Народ
Жители во 2002 год, илјади. (*Архивирано на 26 јануари 2012 г.)
Интересно е да се напомене дека во оваа република популацијата драстично опаѓа. Најпрво се должи на нестабилноста во северниот Кавказ, каде има многу етнички судири, и скоро во секоја руска кавкаска република има по некаков воен инцидент.