Хакасија (рус.Республика Хакасия, хакашкиХакасия Республиказы) е автономна република во составот на Руската Федерација.
Народот по кој републиката го носи името, Хакаси, се од групата на турски народи. Тие, по пописот од 2002, сочинуваат само 11,98% (65.421) од вкупно 546.072 жители. Големо мнозинство се Руси 80,28% (438.395), а меѓу останатите се Германци 1,68% (9.161), Украинци 1,53% (8.360) и Татари 0,73% (4.001). Службени јазици се хакашки и руски. Мнозинство од населението верски припаѓа на Руската православна црква, а има и муслимани.
Главни стопански гранки на републиката се експлоатација на јаглен, руда и дрво.
Историја
Хакашкката држава во 13 век ја освоиле Монголите. Почетокот на XVIII век конституирана е руска власт на оваа територија. Во XIX век почнуваат да се населуваат Руси, а делот на староседелците преминува во православна вера. Регионот Хакасија е основан на 10 октомври1930.