Регионален пат 1101

Регионален пат 1101 shield

Регионален пат 1101
Карта
Протегање на регионалниот пат
Информации за правецот
Должина:65,5 км
Поважни клучки
Од:Прилеп
До:Царев Двор
Местоположба
Општини:Прилеп, Могила, Битола, Ресен
Патна мрежа
Патишта во Македонија

Регионален пат 1101 (ознака: Р1101) — регионален пат во Македонија, со насока на движење североисток-југозапад, а потоа исток-запад. Има вкупна должина од 65,5 километри и 13 делници. Го поврзува градот Прилеп со ресенското селото Царев Двор, минувајќи низ разни места во општините Прилеп, Могила, Битола и Ресен.[1]

Патот минува низ клучките со автопатиштата А1 и А3, клучката „Макази“ и на крајот онаа во Царев Двор, каде се поврзува со регионалниот пат Р1307.

Делници

Регионалниот пат 1101 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 13 различни делници.

Протегање на регионалниот пат
Делница Почеток Крај Потег (км)
врска со и 0,0
1201 Прилеп Ново Лагово 0,0 - 0,8
1202 Ново Лагово Тополчани 0,8 - 12,6
1203 Тополчани Клепач 12,6 - 14,1
1204 Клепач Вашарејца 14,1 - 18,9
1205 Вашарејца Могила 18,9 - 28,2
1206 Могила Горно Оризари и Стрежевска Населба 28,2 - 32,3
1207 Битола (црква „Св. Недела“) Брусник 32,3 - 36,6
1208 Брусник Снегово (Билбил Камен) 36,6 - 37,9
1209 Снегово (Билбил Камен) Српци 37,9 - 44,9
1210 Српци Цапари 44,9 - 48,9
1211 Цапари Ѓавато 48,9 - 51,2
1212 Ѓавато Козјак 51,2 - 61,1
1213 Козјак Царев Двор 61,1 - 65,5
врска со 65,5

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!