Топографијата е мошне разновидна. Како што кажува името, во него се протега венецот Приморски Алпи, но подеднакво својствен му е и средоземниот брег. Овие крајбрежни предели се густо населени, со непрекината конурбација од Кан од Ментон. Планинските краишта се рурални, со исклучок на големите скијачки центри Валбер, Орон и Изола 2000.
Подрачјето на департманот за првпат се јавува како целина во 14 г. п.н.е. кога е основан римски воен округ по иницијатива на царот Октавијан Август. Кон средината на I век се претвора во провинцијата Приморски Алпи (Alpes Maritimae) со главен град во Цеменелум (денес населбата Симје во Ница), а потоа во Ембрен. При најголемиот територијален опфат во 297 г., провинцијата се протегала на север сè до Дињ и Бријансон.
Од 1793 до 1814 г. на ова подрачје опстојувал првиот департман Приморски Алпи, но со различни граници од денешните. Во 1793 г. во него спаѓале Монако (Порт Еркил) и Санремо (Сан Рем), но не и Грас, кој тогаш бил дел од департманот Вар.
Во 1812 г. департманот броел 131.266, жители и зафаќал површина од 322.674 хектари.[1]
Во 1860 г. допаѓа до проширување на Приморските Алпи со припојување на тогашната грофовија Ница кон Франција. Кон департманот се придодадени независните градови Ментон и Рокебрин, како и округотГрас, отстапен од Вар.
Стопанство
Стопанството на Приморските Алпи во голема мера се заснова на услужните дејности. Високо се развиени и истражувачката и вишите дејности. Земјоделството и индустријата играат мошне мала улога. Од поголемо значење се градежништвото и другите јавни дејности. Стопанството е многу чувствително на промени на состојбите во државата и на меѓународен план. Невработеноста изнесува 9,1%.
Според INSEE, во 2005 г. Приморските Алпи имале БДП по глава на жител од 27.723 евра.[2] Вкупниот БДП изнесувал 29,6 милијарди евра.[2]
The Heritage of the Communes of Alpes-Maritimes in two volumes, Flohic Éditions, collective work, volume I, Cantons of Antibes to Levens, January 2000, Paris, 504 pages, ISBN 2-84234-071-X, Jean-Luc Flohic
The Heritage of the Communes of Alpes-Maritimes in two volumes, Flohic Éditions, collective work, volume II, Cantons of Menton to Villefranche-sur-Mer, January 2000, Paris, 574 pages, ISBN 2-84234-071-X, Jean-Luc Flohic, p. 505 to 1079
Rural Architecture of Alpes-Maritimes, Édisud, Philippe de Beauchamp, 1992, Aix-en-Provence, 140 pages, ISBN 2-85744-612-8, Photographer Loîc-Jahan
Religious Art in Alpes-Maritimes, Édisud, Philippe de Beauchamp, 4th Quarter 1993, Aix-en-Provence, 144 pages, ISBN 2-85744-485-0, Photographer Loîc-Jahan