Оваа статија се однесува на
департман во Франција. За истоимената река во Европа, погл.
Меза (река).
Меза (француски: Meuse) — департман во областа Лорена на североисточна Франција, денес во регионот Голем Исток, наречен по реката Меза.
Историја
Меза е еден од изворните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790. Била составена од поранешните покраини Бароа (подрачјето на Бар ле Дик) и Три Епископии (подрачјето на Верден).
Департманот е историски забележителен како едно од главните војувалишта на Првата светска војна. Во 1916 тука се одиграла значајната Верденска битка.
Географија
Меза му припаѓа на регионот Голем Исток и се граничи со департманите Ардени, Марна, Горна Марна, Вогези, Мерт и Мозел и Белгија на север. Делови од депармтнот влегуваат во состав на Регионалниот природен парк Лорена.
Поважни реки во департманот се:
Демографија
Населението на Меза забележило голем пад почнувајќи од XIX век поради големите преселби село-град.
Поврзано
Надворешни врски