Преглово

Преглово

Поглед кон Преглово
(во предниот дел, во позадина е Пласница)

Преглово во рамките на Македонија
Преглово
Местоположба на Преглово во Македонија
Преглово на карта

Карта

Координати 41°27′48″N 21°07′14″E / 41.46333° СГШ; 21.12056° ИГД / 41.46333; 21.12056
Регион  Југозападен
Општина  Пласница
Област Долно Кичево
Население 928 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6539
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03035
Надм. вис. 753 м
Преглово на општинската карта

Атарот на Преглово во рамките на општината
Преглово на Ризницата

Преглово — големо село во областа Долно Кичево, во Општина Пласница, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод. Денес, селото претставува скоро една заедничка целина со соседното село Пласница.

Етимологија

По некое предание се верува дека името на селото потекнува од некоја жена Прегла, која живеела тука. Сепак, самите мештани не се сложуваат со истото.[2]

Географија и местоположба

Куќи во Преглово

Ова големо село се наоѓа во областа Долно Кичево, во југозападниот дел на територијата на Општина Пласница, од десната страна на реката Треска. Од градот Македонски Брод, местото е оддалечено 11 километри.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 680 метри.[3] Селото е сместено во северното подножје на Бушева Планина, оддалечено 18 километри југоисточно од Кичево.

Селото се наоѓа во долината на малата Проска Река, која е десна притока на реката Треска. Преглово е во непосредна близина на поголемото и попознатото село Пласница. Ако се набљудуваат од далечина изгледаат како едно село.[4]

Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Гробишта, Агини Огради, Леништа, Попов Камен, Бегоо Трло, Бркоа Река, Преслап, Ѓупско Кладенче, Шемшионец, Дулески Трла и Стрмоштица. Месностите во внатрешниот дел на атарот на селото се следни: Петкашинец, Црквина, Јасика, Врата, Сарџионец, Гумниште, Старо Латово, Опаљено, Оџино Трло, Камилица, Киши Гроб, Голема Присојница и Саботна Вода. Месностите во котлинскиот дел на атарот на селото се следни: Шарен Камен, Лениште, Виткојца, Жежница, Орлојца, Бегоо Трло, Рамниште и Јусуфоа Нива.[4]

Селото има збиен тип. Се разликуваат пет маала, кои се наречени по родовите: Јусуфовско, Мифтароско, Пировско, Бетовско и Зејнеловско.[4]

Историја

Мост во селото на Проска Река

Преглово се смета за старо село во Кичевската Котлина. Под истото име се сретнува во втората половина на XV век. Во тоа село живееле 32 словенско-христијански семејства.[4] Мештаните тврдат дека станува збор за постаро село од соседното Пласница.[2]

Подоцна, христијаните го прифатиле исламот. Оттогаш, селото е мусламанско-торбешко, додека поранешниот христијанскиот карактер на селото може да се забележи од одредени топоними.[4]

На месноста Гушаици има остатоци од ѕидини, каде населението побегнало за време на чумата.[2]

Постои предание дека селото некогаш било опустошено од чума, која ја донел некој човек од Прилеп со товар со волна.[2]

Во XIX век, Преглово било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 12,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 979 хектари, а на обработливото земјиште 154 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население

Главната улица низ селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948511—    
1953573+12.1%
1961601+4.9%
1971720+19.8%
1981967+34.3%
ГодинаНас.±%
19911.137+17.6%
19941.031−9.3%
20021.079+4.7%
2021928−14.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 230 жители, сите Македонци-муслимани.[5]

Според рускиот енограф Афанасиј Селишчев, селото било означено како населено со Македонци-муслимани.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Во 1961 година селото броело 601 жител, од кои 584 биле Турци, а 16 жители Македонци. Во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.031 жител, од кои 1.001 Турчин, 29 Македонци и 1 Албанец.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Преглово живееле 1.079 жители, од кои:[8]

*Населението е претежно македонско, но дел од македонското население со исламска вероисповед се изјаснило како Турци или Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 928 жители, од кои 6 Албанци, 916 Турци и 6 лица без податоци.[9]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Преглово:

Година Македонци Албанци Турци Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 511
1953 130 0 436 0 7 573
1961 16 0 584 1 0 601
1971 8 2 708 0 2 720
1981 32 1 303 0 631 967
1991 39 2 1.068 0 28 1.137
1994 29 1 1.001 0 0 1.031
2002 1 3 1.070 0 5 1.079
2021 0 6 916 0 0 6 928

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Потурчување

Поради социолошки, економски и политички влијанија, најголем дел од муслиманското население во селото се изјаснува како Турци. Македонскиот јазик е најзастапен, а јазиците на другите националности се изучуваат во поново време или воопшто не се говорат. На пописот од 2002 година, целото население е попишано како турско. На сите минати пописи или е заведено како македонско, или е во графата на муслимани или под друго. Општиот изговор на населението е дека отсекогаш биле Турци и дека во минатото им било забранувано да зборуваат на мајчиниот турски јазик. Најинтересен е фактот дека тие зборуваат на чист македонски јазик, а никогаш не биле под власт на држава која ја воделе Македонци, а да вршеле асимилација. После турското ропство, тој дел на Македонија бил под српска окупација, па тие го асимилирале народот во Срби, каде морало да се зборува на српски. Поаѓајќи од тој факт дека пласничани зборуваат на македонски, а не на окупаторскиот јазик - српски. По српската окупација, Македонија се ослободува и формира своја држава, каде Турците се конститутивен народ, а турскиот јазик мајчин за Турците. Сепак турскиот како наставен јазик е воведен дури по 1996 година, кога се формирала Општина Пласница.[10]

Гледна точка на месното население

Месното население тврди дека се етнички Турци кои зборуваат на македонски јазик.

Општо гледиште

Според останатите гледишта, целото население по етничка припадност всушност се Македонци, поточно Македонци-муслимани, кои се изјасниле како Турци поради политичко-религиски причини. Податоци за ова се наоѓаат во македонски, бугарски, српски и останати светски извори.

Родови

Селото Преглово е торбешко.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Македонските муслимански (т.н. „торбешки“) родови: Јусуфовци (35 к.), Мифтаровци (20 к.), Пировци (20 к.), Бетовци (15 к.) и Зејновци (5 к.), сите се староседелски, освен родот Зејновци кои се доселени од околината на Дебар, изгледа нивното потекло е албанско. Имаат иселеници околу (20 к.) во соседното село Пласница.
  • Во селото живее и едно ромско ковачко семејство.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Пировци (8 к.), Јусуфовци (12 к.), Шутаревци (14 к.) и Прлеви (1 к.). Сите се староседелци.[2]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пласница, која била една од ретките општини во Македонија, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Брод во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Челопеци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ижиште, во која покрај селото Преглово, се наоѓале и селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Ореовец, Пласница и Русјаци. Општината Ижиште постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе биле вклучени селата: Дворци, Ижиште, Пласница и Преглово.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 276 и 276/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.129 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Џамии[14]
Реки[15]

Иселеништво

Од ова село се имаат иселено околу 18 торбешки семејства во Турција во периодот 1918-1957. Потоа, иселувањата престанале. Потоа иселеници има и во битолското село Будаково, родовите Алимовци (2 к.) и Велиовци (1 к.).[4]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 236. Посетено на 12 октомври 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 118–119.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  6. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 октомври 2020.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. ЛИСИЧАНИ НЕ ЈА САКААТ ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО[мртва врска]
  11. „ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ МАКЕДОНСКИ БРОД“. www.zdmakedonskibrod.mk. Посетено на 2020-10-17.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 17 октомври 2020.
  13. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 17 октомври 2020.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 57. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

Надворешни врски

Read other articles:

Ця стаття містить правописні, лексичні, граматичні, стилістичні або інші мовні помилки, які треба виправити. Ви можете допомогти вдосконалити цю статтю, погодивши її із чинними мовними стандартами. Київський повіт Герб повітового центру Губернія Київська губерніяЦентр К

 

Artikel ini tidak memiliki referensi atau sumber tepercaya sehingga isinya tidak bisa dipastikan. Tolong bantu perbaiki artikel ini dengan menambahkan referensi yang layak. Tulisan tanpa sumber dapat dipertanyakan dan dihapus sewaktu-waktu.Cari sumber: Rasyaad TV – berita · surat kabar · buku · cendekiawan · JSTOR Rasyaad TVDiluncurkan2013PemilikYayasan Lajnah Dakwah MedanSloganSaluran Dakwah Keluarga IslamiNegaraIndonesiaKantor pusatJl. Ring Road, Jl....

 

Shire of Mount Marshall Local Government Area van Australië Locatie van Shire of Mount Marshall in West-Australië Situering Staat West-Australië Hoofdplaats Bencubbin Coördinaten 30°48'40ZB, 117°51'43OL Algemene informatie Oppervlakte 10.189,5 km² Inwoners 459 (2021)[1] Overig Website (en) Shire of Mount Marshall Portaal    Australië Shire of Mount Marshall is een lokaal bestuursgebied (LGA) in de regio Wheatbelt in West-Australië. Geschiedenis Op 6 juli 1923 werd h...

Lily Weiding (1966) Lily Weiding (* 22. Oktober 1924 in Kopenhagen; † 15. Juni 2021[1]) war eine dänische Film- und Theaterschauspielerin. Inhaltsverzeichnis 1 Werdegang 2 Familie 3 Filmografie (Auswahl) 4 Auszeichnungen 5 Weblinks 6 Einzelnachweise Werdegang Weiding nahm schon früh Ballettunterricht. 1942 debütierte sie als 17-Jährige in Frederiksberg am Frederiksberg Teater (Camp X Aveny) als Emily in dem Theaterstück Vor By. Von 1943 bis 1945 erhielt sie eine Ausbildung an d...

 

The Blood of the BambergsPortrait of Osborne by Reginald GrayWritten byJohn OsborneDate premiered19 June 1962Place premieredRoyal Court TheatreOriginal languageEnglishSubjectA man has to stand in for a prince at a royal weddingGenresatire The Blood of the Bambergs (1962) is a short two-act play by John Osborne, published in his book Plays for England. It was designed to be shown in a double-bill with another short play, Under Plain Cover. The Blood of the Bambergs is a satirical commentary on...

 

Telugu reality television series This article may be written from a fan's point of view, rather than a neutral point of view. Please clean it up to conform to a higher standard of quality, and to make it neutral in tone. (December 2022) (Learn how and when to remove this template message) Season of television series Bigg BossSeason 4Season 4 eye logoPresented byNagarjuna(Week 1–6, 8–15)Samantha(Week 7)No. of days105No. of housemates19WinnerAbijeetRunner-upAkhil Sarthak Country of originIn...

American animated comedy film Zoolander: Super ModelDirected byAaron AugenblickWritten by John Aboud Michael Colton Based onZoolander charactersby Ben StillerDrake SatherProduced by Ben Stiller Drake Sather Starring Ben Stiller Owen Wilson Tim Gunn Nick Kroll Productioncompanies Augenblick Studios Insurge Pictures Red Hour Productions Distributed byCBS All AccessRelease dates August 1, 2016 (2016-08-01) (United Kingdom) May 26, 2020 (2020-05-26) (United S...

 

Село Янувпол. Janów Координати 51°52′12″ пн. ш. 19°29′13″ сх. д. / 51.87000000002777256° пн. ш. 19.48722222002777826° сх. д. / 51.87000000002777256; 19.48722222002777826Координати: 51°52′12″ пн. ш. 19°29′13″ сх. д. / 51.87000000002777256° пн. ш. 19.48722222002777826° сх. д. / 51.870000000...

 

American actress and dancer (1906–1985) For the American socialite, see Louise Cromwell Brooks. Louise BrooksBrooks c. 1926BornMary Louise Brooks(1906-11-14)November 14, 1906Cherryvale, Kansas, U.S.DiedAugust 8, 1985(1985-08-08) (aged 78)Rochester, New York, U.S.Resting placeHoly Sepulchre Cemetery (Rochester, New York)Other namesLulu, Brooksie, The Girl in the Black HelmetOccupations Actress dancer writer Years active1925–1938Known forPandora's Box (1929)Diary of a Lo...

This article possibly contains original research. Please improve it by verifying the claims made and adding inline citations. Statements consisting only of original research should be removed. (March 2023) (Learn how and when to remove this template message) Surfboard fins can help surfers control their boards A selection of surfboard fins A surfboard fin or skeg is a hydrofoil mounted at the tail of a surfboard or similar board to improve directional stability and control through foot-steeri...

 

2000 single by the Moffatts Bang Bang BoomSingle by the Moffattsfrom the album Submodalities ReleasedJuly 10, 2000Length2:58LabelEMISongwriter(s)Kee MarcelloZalS. AnderssonProducer(s)Bob RockThe Moffatts singles chronology Misery (1999) Bang Bang Boom (2000) Just Another Phase (2000) Bang Bang Boom is a song by Canadian pop rock band the Moffatts. It was released in July 2000 as the first single from their fourth and final album, Submodalities. The song was a hit in Canada, reaching number on...

 

Conflict in South Sudan Abyei conflictMap of AbyeiDateFebruary 10, 2022 – April 6, 2023LocationAbyei and Twic, South SudanResult Ceasefire Twic Dinka and Ngok Dinka sign a ceasefire Intermittent attacks between Misseriya Arabs and Ngok DinkaBelligerents Misseriya Twic Dinka Bul Nuer Ngok Dinka UNISFA South SudanCommanders and leaders Stephen Buay Rolnyang Belbel Kuol Deng Benjamin Sawyerr[1] Kuol Deim Kuol Chol Deng AlaakCasualties and losses Unknown Unknown 81+ killed, dozens injur...

Cephalopod sex organ Georges Cuvier's original illustration of an octopus hectocotylus, which he named Hectocotyle octopodis A hectocotylus (pl.: hectocotyli) is one of the arms of male cephalopods that is specialized to store and transfer spermatophores to the female.[1] Structurally, hectocotyli are muscular hydrostats. Depending on the species, the male may use it merely as a conduit to the female, analogously to a penis in other animals, or he may wrench it off and present it to t...

 

Narumi Miura Informasi pribadiNama lengkap Narumi MiuraTanggal lahir 3 Juli 1997 (umur 26)Tempat lahir Prefektur Kanagawa, JepangTinggi 1,56 m (5 ft 1+1⁄2 in)Posisi bermain GelandangKarier senior*Tahun Tim Tampil (Gol)2016– Nippon TV Beleza Tim nasional2018– Jepang 4 (0) * Penampilan dan gol di klub senior hanya dihitung dari liga domestik Narumi Miura (三浦 成美, lahir 3 Juli 1997) adalah seorang pemain sepak bola Jepang. Statistik [1] Jepang Tahun T...

 

Macroscopic marine algae This article is about the aquatic plant-like algae. For its culinary uses, see Edible seaweed. For the similarly-named plant, see Seagrass. For other uses, see Seaweed (disambiguation). SeaweedInformal group of macroscopic marine algae Fucus serratus Scientific classification Domain: Eukaryota Seaweeds can be found in the following groups Chlorophyta (green algae) Phaeophyceae (brown algae) Phaeothamniophyceae Chrysophyceae (gold algae) Cyanobacteria[1][2&...

Park located in the city of St. John's, Newfoundland. Pippy Park Golf Club Pippy Park is a 3,400-acre (14 km2) urban park located in the city of St. John's, Newfoundland. The park is a popular camping, hiking and recreational park within the city, and incorporates numerous groomed and wilderness-style hiking/skiing trails, a miniature golf course, a 9-hole and an 18-hole golf course, a driving range, and a public access trailer park with limited tent camping facilities. Trails within the...

 

يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (ديسمبر 2018) قرية غيل شقصه  - قرية -  تقسيم إداري البلد  اليمن المحافظة محافظة أبين المديرية مديرية رصد ال...

 

American professional soccer player Justin Braun Personal informationFull name Justin BraunDate of birth (1987-03-31) March 31, 1987 (age 36)Place of birth Salt Lake City, Utah, United StatesHeight 6 ft 3 in (1.91 m)Position(s) ForwardYouth career2004–2007 SLCC Bruins2007–2008 Olympique MontreuxSenior career*Years Team Apps (Gls)2008–2011 Chivas USA 96 (24)2012 Montreal Impact 12 (0)2012 Real Salt Lake 2 (0)2013 Toronto FC 21 (2)2014–2015 Sacramento Republic 43 (12...

Stadium on the Gold Coast, Queensland, Australia Heritage Bank StadiumFormer namesLaver OvalCarrara OvalGold Coast StadiumMetricon StadiumLocationCarrara, QueenslandCoordinates28°00′23″S 153°22′2″E / 28.00639°S 153.36722°E / -28.00639; 153.36722OwnerQueensland GovernmentOperatorStadiums QueenslandCapacityConcerts: 40,000[1]AFL: 22,500[2]Cricket: 21,000[3]Field size158 x 134 metres[4]SurfaceGrassConstructionBroke ground1986Ope...

 

For other people named Robert Scott, see Robert Scott (disambiguation). Robert Ray ScottColonel Robert R. ScottNickname(s)BobBorn(1920-11-01)November 1, 1920Des Moines, IowaDiedOctober 3, 2006(2006-10-03) (aged 85)Tehachapi, CaliforniaPlace of burialArlington National CemeteryAllegianceUnited StatesService/branch United States Air ForceYears of service1941-1970Rank ColonelUnit426th Night Fighter Squadron8th Fighter-Bomber Group355th Tactical Fighter WingCommands held35th Fighter-Bom...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!