По капитулацијата на Бугарија, во септември1944 година била формирана Автокоманда во село Будинарци, Малешевско.[3] Автокомандата започнала да работи со неколку полуисправни камиони и мотоцикли, а подоцна од заробените камиони биле оспособени осум исправни товарни возила. Овие возила сообраќале на релацијата Берово - Пехчево - Царево Село (Делчево), како и на релацијата Пехчево - Симитли.
По ослободувањето на овој дел од Македонија, Автокомандата се преселила во Пехчево, каде биле собрани 60 камиони, а по ослободувањето на Штип, седиштето на Автокомандата се преместило таму.
По формирањето на Автобригадата, таа дејствувала како моторизациско, односно автомобилско одделение при ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија. На 8 февруари1945 година било оформено одделението, чија задача била да обучи потребен кадар, да формира автомобилски единици, и да го организира автомобилскиот сообраќај. За таа цел бил оформен и првиот курс за возачи, но поради недостиг на погонско гориво за возилата, дел од курсистите биле испратени на курс во Белград, каде се школувале за офицери за потребите на Македонската автобригада.
Наводи
↑д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 161