Во текот на 1413 - 1421 година селото Опае со уште две села е вклучено во мулк, подарок од султанот Мехмед I за неговата ќерка, принцезата Елалди-Хатун, жена на Ахмед-ага. Во пописниот опширен дефтер од 1570 година, селото е дел од Ќустендилскиот санџак, во Кратовската каза нахија Нагоричане и во него се регистрирани 10 муслимански семејства, 23 христијански семејства и 14 неженети, христијани.Вкупниот износ на данокот на селото изнесувал 4797 акчиња.[2]
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1618 - 1619 година селото е забележано со 16 домаќинства.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.619 жители, од кои 32 Македонци, 1.508 Албанци, 1 Бошњак, 1 останат и 77 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Македонски
Зафировци (4 к.), Малинови (3 к.), Диневи (1 к.) и Максимови (1 к.) сите наведени родови во селото се староседелски; Армутови (12 к.) доселени се од селото Табановце во турско време; Неделковци (3 к.) и Крстевци (3 к.) доселени се од селото Слупчане во турско време; Томовски (2 к.) доселени се од Куманово во турско време; Таранци (5 к.) доселени се од селото Жуинце кај Прешево во турско време; Пироќанци (7 к.) доселени се во 1913 година од селото Велика Лука кај Пирот; Доброчани (7 к.) доселени се од селото Добрача; Лазеви (2 к.) доселени се од селото Слупчане; Петровски (3 к.) и Крстевски (1 к.) доселени се исто така од селото Слупчане; Ѓурови (3 к.) доселени се во 1930 година од селото Лесница во Горна Пчиња; Врањанци (1 к.) доселени се од околината на Врање; Бозаџици (3 к.) доселени се од селото Ѓерекара во Горна Пчиња; Станковци (1 к.) доселени се од Куманово.
Албански
Бајрамовски (5 к.) доселени се од селото Сушево; Азировски (6 к.), Читаклар (3 к.), Алитовски (2 к.), Зенулови (1 к.) и Незировски (1 к.) доселени се од различни села; Зарбичани (9 к.), Сухарчани (2 к.), Брезничани (1 к.) и Рамнобучани (1 к.) доселени се од селата во Новобрдска Крајина; Стражани (5 к.), Руѓинчани (2 к.) и Слупчанци (2 к.) доселени се од селата Стража, Руѓинце и Слупчане.[10]
↑Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од 1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.76-77
↑Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 255.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“